Архив на Босна и Херцеговина ― национален архив на Босна и Херцеговина, сместен во Сараево. Тој бил основан на 12 декември 1947 година.
Немири од 2014 година За време на немирите во Босна и Херцеговина во 2014 година, голем број историски документи биле уништени кога делови од Архивот на Босна и Херцеговина, сместен во претседателската зграда, биле запалени. Меѓу изгубениот архивски материјал биле документи и подароци од доцниот отомански период, изворни документи од австроунгарското владеење во Босна и Херцеговина од 1878 до 1918 година, како и документација од меѓувоениот период, владеењето на Независната Држава Хрватска од 1941 до 1945 година, документи од следните години и околу 15.000 досиеја од Комората за човекови права на Босна и Херцеговина од 1996 до 2003 година. Во депоата што изгореle, околу 60 проценти од материјалот бил изгубен, според проценките на Шабан Захировиќ, раководител на Архивот.
Од седумте босански бунтовници осомничени дека го започнале пожарот, двајца (Салем Хатибовиќ и Нихад Трнка) биле уапсени.
На 4 април 2014 година, Хатибовиќ и Трнка биле ослободени (иако сè уште под сомнение за тероризам), под услов да не го менуваат местото на живеење и да се воздржат од каков било контакт едни со други. И двајцата имале обврска да се јавуваат во полиција еднаш неделно.
Поврзано
Архив на Федерација Босна и Херцеговина Архив на Република Српска Список на државни архиви
Наводи
Надворешни врски
Службена мрежна страница
Категорија:Државни архиви Категорија:Архиви во Босна и Херцеговина Категорија:Појавено во 1947 година во Босна и Херцеговина