Анеке Брасинга (родена на 20 август 1948, во Шарсберген, Гелдерланд) — холандска писателка и преведувачка. Во 2008 година ја добила наградата „Константин Хајгенс“, а добитничка е и на бројни други награди. Во 2026 ја добила наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.
Живот и кариера Анекe Брасинга е родена на 20 август 1948 година во Шарсберген. Кога имала една година, нејзините родители се преселиле во блискиот Арнем. Шестчленото семејство живеело скромно. Како дете Анекe сакала да стане биолог и многу пешачела во шумите на Гелдерланд. Од 1967 година живее во Амстердам. Патувала во Индија, Исланд, Ирска и Шкотска.
Од 1967 до 1972 година Брасинга студирала книжевен превод на Институтот за преведување при Универзитетот во Амстердам. Од 1974 година почнала да објавува свои преводи. Покрај импресивниот број сложени романи, Брасинга преведувала и поезија од Силвија Плат, Харт Крејн, Ингеборг Бахман и Михаел Хофтман. Пишувала есеи за авторите што ги преведувала и објавувала книжевна проза.
Како книжевна прозаистка, Брасинга дебитирала под псевдонимот А. Гарденер во првиот број на списанието „Ревизор“ (De Revisor) (1974), со текстот „Од еден дневник“. Нејзините први преводи и есеи исто така се појавиле во Ревизор - во тоа време платформа за ново поколение млади автори силно насочени кон странската книжевност. Како поетеса Брасинга неформално дебитирала во 1985 година со библиофилското издание на нејзината дебитантска збирка за која ја добила наградата „Треванијан“. Таа збирка била вклучена во „Аурора“ (Aurora, 1987), официјалното деби. Во 1989 година била објавена збирката „Имот“ (Landgoed) за која Брасинга ја добила наградата „Херман Гортер“ - поетска награда на градот Амстердам. Нејзината книга книжевна проза „Клешта“ (Hapschaar) била наградена со ЕЦИ - наградата за книжевност во 2001 година, поетската збирка Huisraad (1998) со наградата „Пол Снук“ во 2001 година, а поетската збирка „Видик“ (Verschiet) (2001) и со наградата за поезија „Ида Герхардт“ 2002 и со престижната ВСБ-награда за поезија 2002.
Работела како книжевна преведувачка и ги превела делата на следниве автори на холандски јазик: Џорџ Орвел, Оскар Вајлд, Владимир Набоков, Семјуел Бекет, Силвија Плат, Патриша Хајсмит, В.Х. Оден, Херман Брох, Жан Жак Русо, Марсел Пруст и Жил Верн.
Нејзините песни се преведени на германски, француски, англиски, руски, унгарски и на шпански јазик.
Таа се смета за постмодерна писателка, но претпочита да се гледа себеси како надреалистка. Темите на нејзината поезија се природата, љубовта, ранливоста на убавината и јазикот.
Дела
Поезија Aurora (1987) Landgoed (1989) Thule (1991) Zeemeeuw in boomvork (1994) Huisraad (1998) Verschiet (2001) Timiditeiten (2003) Wachtwoorden. Verzamelde herziene gedichten, 1987-2003. (2005)(with cd) Wachtwoorden. Verzamelde herziene gedichten, 1987-2015. (2015) IJsgang (2006) Ontij (2010) Het wederkerige (2014) Verborgen tuinen (2019)
Проза Hartsvanger (1993) Hapschaar (1998, 2018) - short stories Het zere been (2002) - essays Tussen vijf en twaalf (2005) - letters Bloeiend puin (2008) - essays as co-author: Het zere been: essays & diversen (2015) Grondstoffen (2015) - essays
Награди 2026: Награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата 2015: Награда П.С. Хуфт за нејзината поезија 2008: Награда Константин Хајгенс за нејзиниот целокупен опус 2005: Награда „Ана Бијнс“ за „Срамежливост“ 2002: Поетска награда на ВСБ за Вершиет 2002: Ида Герхард Поезиепријс за Вершиет 2001: Награда на ECI 2001: Награда Пол Сноек за Huisraad 1990: Награда Херман Гортер за Landgoed 1985: Награда за поезија „Треванијан“
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1948 година Категорија:Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата