Државен архив во Осиек () ― главна јавна установа одговорна за зачувување на архивски материјали во Осиечко-барањската Жупанија, која се наоѓа во Осиек во источна Хрватска. Државниот архив во Осиек содржи приближно 1.500 збирки и архивски материјал, со вкупно над 8.000 линеарни метри материјал и повеќе од 50.000 фотографии.
Историја Архивот бил основан по завршувањето на Втората светска војна во Југославија во 1947 година со одлука на властите на Народна Република Хрватска. Во декември 1991 година, за време на Хрватската војна за независност, архивот, заедно со другите установи во Хрватска, бил во опасност од уништување, што поттикнало повици од меѓународни научници за заштита.
Поврзано
Список на архиви во Хрватска
Наводи
Надворешни врски
Службена мрежна страница Категорија:Историја на Славонија Категорија:Архиви во Хрватска Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со текст на хрватски Категорија:Култура во Осиек Категорија:Појавено во 1947 година во Хрватска