Dianthus barbatus или турски каранфил, — вид цветно растение од семејството Caryophyllaceae, по потекло од јужна Европа и делови од Азија. Претставува популарно украсно градинарско растение. Тоа е тревесто двегодишно или краткотрајно повеќегодишно растение, високо 13–92 см, со цветови собрани во густо соцветие до 30 на врвот од стеблата. Секој цвет е со дијаметар од 2–3 cm и има пет листови со назабени рабови. Дивите растенија имаат црвени цветови со бела основа, а кај култивираните сорти боите варираат од бели, розови, црвени и виолетови до шарени комбинации.
Опис и распространетост Dianthus barbatus расте во планините на јужна Европа, од Пиринеите источно до Карпатите и Балканот, со разновидност изолирана во североисточна Кина, Кореја и најјугоисточна Русија. Расте до висина од 13–92 cm (во зависност од сортата). Има зелени до синкаво-сивкави листови, издолжени, долги 4–10 см и широки 1–2 см. Цветовите се собрани во густо соцветие до 30 на врвот од стеблата (познато како чадор) и имаат зачинет мирис налик на каранфилче. Секој цвет е со дијаметар од 2–3 см и има пет листови со назабени рабови. Кај дивите растенија листовите на венчето се црвени со бела основа.
Во Македонија расте по тревести места и шуми во планините.
Многу ретко растение. Познато само за Мавровско: Горна Радика - Торбешки Мост и Состав.
Постојат два вида:
Dianthus barbatus var. barbatus. Јужна Европа. Листовите се пошироки, до 2 см. Dianthus barbatus var. asiaticus Nakai. Североисточна Азија. Листовите се потенки, не повеќе од 1 см широки.
Одгледување и употреба
Турскиот каранфил е популарно украсно растение во градините. Има многубројни сорти и хибриди избрани по различна боја на цветови, кои варираат од бели, розови, црвени и виолетови до шарени комбинации.
Растението било воведено во северна Европа во 16 век. Подоцна било пренесено во Северна Америка и на други места. И станало локално, а понекогаш и широко одомаќинето во овие области.Missouriplants: Dianthus barbatus
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Вилијам Шекспир Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Каранфил Категорија:Флора на Македонија