мини|Цветови на обичен плускавец

Обичен плускавец () — вид растение од родот Silene во рамките на семејството Caryophyllaceae. По потекло од Стариот Свет, растението е распространето и на други места, вклучувајќи ја и Северна Америка. Младите изданоци и листови се јадат.

Опис Повеќегодишно тревесто растение, може да достигне висина од 60 см, со белоцветни ливчиња до 1,8 см широки. Стеблото е обично вертикално, листовите јајцевидни, цветовите поединечни или во цимозни соцветија. Плодната кутијка 6-10 мм во должина, потполно обвиена со чашката. Семките во пречник се околу 1 мм.

Слични видови вклучуваат Silene noctiflora и Silene latifolia.

Распространетост и живеалиште Потекнуваат од Европа, умерена Азија и Северна Африка, а е распространето и во други делови од светот, особено во Северна Америка, каде што сега е широко распространето и е чест див цвет во ливади, отворени шуми и полиња.

Во Македонија се среќава речиси насекаде: расте по варовнички камењари, покрај карпи, ливади, меѓи и по рабови на шумите.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 322-323

Употреба мини|Манџа од слануток и обичен плускавец Младите изданоци и нежните листови понекогаш се користат како храна во некои земји од Медитеранскиот регион. Тие се сметаат за јадливи пред растението да цвета и може да се користат во салати.

На Крит неговите листови и нежни изданоци се јадат запечени во маслиново масло.

На Кипар е многу распространето за јадење, толку многу што во последниве години повторно се одгледува и се продава во продавници во гроздови.

Во Италија, листовите од ова растение некогаш се користат како состојка во ризото.

Во регионот Ла Манча во Шпанија, каде што листовите од обичен плускавец се вреднуваат како лиснат зеленчук, порано имало луѓе кои ги береле и продавале овие растенија. Листовите се мали и тесни, па затоа се потребни многу растенија за да се добие значително количество.

Во Ла Манча, листовите главно се користеле за подготовка на еден локален вид на гаспачо, кој се состои од рамен леб и манџа подготвена со „листови“.

Наводи

Надворешни врски

Guisado de collejas (шпански рецепт Arroz con collejas (шпански рецепт)

Категорија:Плускавец (растение) Категорија:Лиснат зеленчук Категорија:Флора на Европа Категорија:Таксони опишани од Конрад Менх Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Африка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Америка