Дводелен плускавец () — вид цветно растение од семејството Caryophyllaceae. Потекнува од Евроазија и е познато и во други делови од умерениот свет, како што се делови од Северна Америка, каде што е плевел што расте во нарушени живеалишта.

Во Македонија расте по брдски пасишта, каменливи места, покрај селски патишта на надморска височина до 700 метри.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 344-345

Познато е за Таорска Клисура, Демир Капија, Овче Поле, Исар, Струмица, Гевгелија, Миравци.

Поради големиот број на варијатни и подвидови, сè уште е отворено прашањето кој подвид се среќава на територијата на Македонија.

Опис Тоа е годишна билка што расте до 80 см во висина. Листовите се во облик на копје и се долги до 8 см на долното стебло и се помали, а погоре на стеблото се поголеми. Секој цвет е обвиен во надуена чашка од чашкини ливчиња обложени со 10 жили. Отворен е на врвот, откривајќи 5 бели до црвени ливчиња, секое со 2 лобуси, а понекогаш имаат и свиткана форма.

Наводи

Надворешни врски

Третман

Категорија:Плускавец (растение) Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Каранфили