мини|Остатоци од градба во Билар Билар или Билјарск (; ) бил средновековен град во Волшка Бугарија и нејзин втор главен град пред монголската инвазија на Волшка Бугарија.
Се наоѓал на левиот брег од реката Мал Черемшан во Алексеевскиот округ на Татарстан, а неговата поранешна локација е 50км од денешно село со истото име и 150км од Казањ.
Историја Градот е основан околу 10 век од домородното племе Билар од Волшка Бугарија. Во руските хроники, познат е и како „Голем град“ (), бидејќи се вели дека неговото население броело повеќе од 100.000 жители.
Билар бил еден од главните трговски центри во Средна Волга, а наизменично со него и Нур-Сувар, кој служел како главен град на Волшка Бугарија во 12-ти и 13-ти век.
Во 1236 година, градот бил ограбен од војската на Бату хан, а подоцна градот бил обновен, но никогаш не ја вратил својата поранешна големина и моќ. Урнатините на градот (скоро 8км) биле истражени од Ричков, Татишчев, Каликов и Кучин.
Билар бил главен град на Волга-Кама-Бугарија од 10 век па се до почетокот на 13 век. Исто така, бил еден од најголемите градови во средновековна Евроазија. Пропаста на градот во 1236 година резултирала со губење на неговата монументална архитектура.
Во 1654 година, во близина на местото Билар, била основана руска гранична тврдина наречена Билар.
Билар Поинт на Островот Ливингстон на Јужните Шетландски Острови, Антарктик е именувана по Билар.
Во популарната култура Билар бил дом на фиктивна советска воздухопловна база во романот „Фајерфокс“ на Крег Томас и во последователниот филм, за измислениот авион МиГ-31 Фајерфокс украден од пилотот на воздухопловните сили на САД, Мичел Гант. Всушност, Билар нема аеродром, а најблискиот аеродром со целосна услуга е во Казанњ, Татарстан во Русија, 98 км северозападно од Билар.
Значајни луѓе
Александар Арбузов (1877–1968), хемичар
Галерија
Поврзано
Бугари Стара Велика Бугарија
Наводи
Литература
Фајаз Шарипович Хузин | БИЛЈАР - БУГАРСКИ ГОЛЕМИ ГРАД ( Издавач „Заман“ Република Татарстан ). Руски (Хузин Фајаз Шариповичь | Биляр - Великий Город Болгарский ( Издательство «Заман» Республика Татарстан ))
Надворешни врски
Локацијата на Билар Каде исчезна Волшка Бугарија? 50-годишнина од археолошката експедиција Билар: резултати и проблеми од истражувањето на Големиот град Категорија:Волшка Бугарија Категорија:Историја на Татарстан Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Поранешни градови