Чичигаз (Чичиг’с или Чешиг’з; , Ставродроми; до 1926 г. Τσίτσιγκες, ЦицигесΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσίτσιγκες -- Σταυροδρόμι) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 492 жители (2021), сочинето исклучиво од Македонци.
Географија Селото е сместено во источниот дел на Солунското Поле (средиштето на Ениџевардарското Поле), 10 км северозападно од Пласничево и 10 км јужно од градот Воден.
Историја Во Отоманското Царство На крајот на XIX век Чичигаз е забележано како чисто македонско село. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Чеши Г’с (Чичег’с) живееле 420 Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр.146. Сите жители на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Чечиг’с имало 200 Македонци, сите под егзархијата.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.102-103.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Чешигас било мегленско со 40 куќи.
Во селото работела бугарската пропаганда. Според податоци на кукушкииот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. во Чичег’з работело бугарско училиште. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 30 македонски куќи и две куќи на Роми христијани.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 208 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 255. Во 1926 г. името на селото е сменето во Ставродроми што значи „крстопат“.
Во 1928 г. селото имало 299 жители, а во 1940 г. броело 298 лица. По војните населението земало голем замав и во следните десетлетија речиси се удвоило. Сите жители и понатаму останале исклучиво Македонци.
Личности Христо Аргиров - Чаушот (1884 – 1922) — револуционер, војвода на ВМРО во Воденско„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 796.
Население
Стопанство Селото се смета за многу богато бидејќи е во поле и неговото земјиште целосно се наводнува. Главни производи се овошјето (праските и крушите), памукот, житото, пченката и др. Застапено е и краварството.
Поврзано Солунско Поле
Наводи