Првородниот грев на Такопи (, ) — јапонска семрежна манга, напишана и илустрирана од Taizan 5. Се објавувала на семрежната платформа Shonen Jump+, во сопственост на издавачката куќа Shueisha, од декември 2021 до март 2022 г. Во летото 2025 г., започнала премиерата на ONA-адаптацијата (оригинална мрежна анимација), изработена од студиото Enishiya.

Дејството раскажува за Такопи — наивно суштество од планетата Среќа, кое пристигнува на Земјата со намера да носи радост. Меѓутоа, откако ќе се најде во светот на човечките страдања и суровост, тој се соочува со тешката судбина на девојчето по име Шизука. Обидувајќи се да ѝ помогне, самиот тој станува соучесник во низа трагични настани. Делото сврзува елементи на драма, трилер и социјална критика, обработувајќи теми како насилство, отуѓување и морален избор.

Содржина Во 2016 г., Нуеинукф, вонземјанин од планетата Среќа, принудно слетува на Земјата со мисија да им дава среќа на луѓето. Откако избегнува заробеништво, тој се среќава со деветгодишната Шизука Кузе. Бидејќи девојчето расте без татко, а нејзината мајка работи како платена придружничка и ретко се појавува дома, Шизука нема никој што ја сака, а утеха наоѓа единствено во своето куче Чапи. Дополнително, еден од клиентите на нејзината мајка е таткото на нејзината соученичка Марина Кираразаки, која поради тоа, поддржана од останатите девојчиња, постојано врши врсничко насилство врз неа.

Забележувајќи ја неговата сличност со октопод, Шизука го нарекува вонземјанинот „Такопи“. Тој се обидува да ѝ помогне да биде среќна користејќи направи од својата планета. Меѓутоа, еден ден таа доаѓа кај него претепана, држејќи го ременот на загинатиот Чапи, и бара направа со кој извршува самоубиство. Сакајќи да поправи сѐ, Такопи користи друг уред за да се врати назад во времето и да ја спаси Шизука.

Такопи поминува низ неколку неуспешни обиди за враќање, при што во еден од нив, за време на физички судир, случајно ја убива Марина со својата направа. Уредот се расипува и враќањето во времето станува невозможно. За да го скрие злосторството, Такопи заедно со соученикот на девојчињата, Наоки Азума, го закопува телото на Марина, по што го презема нејзиниот лик.

Ликови

Такопи (јап. タコピー) — вонземјанин од планетата Среќа што наликува на октопод. Неговата цел е да шири среќа меѓу другите со помош на различни направи, иако неговиот невин и поедноставен поглед на светот не го издржува судирот со сложената моралност и природа на луѓето.

Шизука Кузе (јап. 久世 しずか) — деветгодишна ученичка со која Такопи се спријателува по неговото пристигнување на Земјата. Во училиште е жртва на врсничко насилство поради работата на нејзината мајка во агенција за придружба, а утеха наоѓа единствено дома со своето омилено куче Чапи. По низа трагични настани и губењето на миленичето, таа паѓа во длабок очај што води до обид за самоубиство. Такопи се обидува да ја спаси со патување низ времето, но Шизука емоционално се распаѓа под притисокот на осаменоста и семејните проблеми.

Марина Кираразаки (јап. 雲母坂 まりな) — соученичка на Шизука и главниот иницијатор на нејзиното малтретирање. Подоцна се открива дека и таа е жртва на семејно насилство и хаотичниот однос меѓу нејзините родители и мајката на Шизука. Нејзината смрт станува клучната точка по која враќањето низ времето е невозможно.

Наоки Азума (јап. 東 直樹) — соученик на Шизука кој, иако сака да ѝ помогне, и самиот е под огромен психолошки притисок од својата мајка. Тој станува соученик во прикривањето на трагичните настани и е еден од ликовите што најмногу ја чувствуваат тежината на моралните избори во приказната.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Аниме на Crunchyroll Категорија:Манга од 2021 година