Габрово (, Калитеа; порано Γάμπροβο, Габрово) — село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои само 1 жител (2021). Сè до 1923 г. било населено со Македонци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа севсроисточно од Крстополе и југоисточно од Маргарит, во јужните падини на Родопите, северозападно од врвот Руен, на надморска височина од 700 м. Сместено е во мала заградена долина, спуштајќи се под ридовите Тумбарат и Блатото, меѓу Долот на исток и Рајково Дере на запад.
Габрово порано се делело на три маала: Горно, Долно и Синалско. Околу 100 м над селото се наоѓало и турското маало Кутела, кое имало 17 куќи и една џамија без минаре.
Историја
Во Отоманското Царство Селото е основано во времето на исламизацијата во Родопите.Шишков, Ст. Н. Родопски старини или сборник от обичаи, суеверия, песни, пословици, наречие, приказки, паметници, предания, описания и пр. на родопските жители. кн. 3. Няколко истжрико-археологически бележки и материали из животът на Българите в Ксантийско. Пловдив. 1890 г. с. 11. Тука се населиле 15 христијански семејства, кои избегале од соседното село Брештене (Ис Јорен).
Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. даночно обврзаното население на Габрово, тогаш маало на селото Ениќој, се наведува вака: 3 неженети муслимани, 59 христијански семејства, 168 неженети христијани и 3 вдовици.
Во XIX век Габрово било македонско село од мешана вероисповед во Скечанската Каза на Ѓумурџинскиот Санџак. Во 1831 г. жителите побарале ферман за изградба на црквата „Пресв. Богородица“. Тогаш, селото броело околу 120 домаќинства. Од 1868–1870 г. и од 1874–1880 г. во Габрово предавал даскал Јаков Змејковиќ од с. Вруток, Полошко. Во 1877 г. егзархистите неуспшено се обиделе да ја надвладејат грчката црква во селото. лево|мини|300x300пкс|Револуционерите од с. Габрово осудени од Воениот суд во Одрин по Габровската афера во 1902 г. Седнати од лево кон десно: Васил Докторов, Кирјак Хаџи Атанасов, Нашо Василев Кормидов. Стојат: Георги Атанасов, Стамат Кормидов и Јанко Јанчев Кон крајот на XIX и почетокот на XX век во Габрово бил сместен Скечанскиот околиски комитет на Одринскиот револуционерен округ на ВМОРО. Секретар на комитетот бил учителот Никола Поп Тодоров, а членови: Христо Киров од Банско, Нашо Василев Кормидов, Стамат Кормидов, Георги Атанасов, Петар Пачев, Кирјак Христов Атанасов, Стефан Мавров, Тодор Кехајов, Атанас Т. Кехајев, Јанко Тутолчев Јанарот, свештеникот Тодор Николов, Атанас Коруев, Димитар Кудев, Христо Џондов, Иван Чилингиров, Џуров и други. Во средината на мај 1902 г. селскиот падар Иван Јанков Семерџиев полудел и почнал да открива тајни на комитетот, при што многу од дејците на комитетот биле уапсени. Воениот суд од Одрин ги ослободил свештеникот Тодор Николов, Петар Пачов, Атанас Кудев и други и ги осудил Васил Докторов на 10 години, а Кирјак Хаџи Атанасов, Нашо Василев, Кормидов, Георги Атанасов, Стамат Кормидов, Кирјак Дачев и Јанко Јанчев Тутолчев по 5 години затвор. Комитетот бил под водство на Димитар Кудев. Револуционерите биле ослободени со општата амнестија од 1904 г.
Според статистиката на Љубомир Милетич, во 1912 г. Габрово било едно од двете македонски христијански села во Скечанската Каза. За двете села Габрово и Ениќој, Милетич посочува население од 600 егзархиски семејства.
Во Првата балканска војна, 4 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.
На 13 јули 1913 година, селото било опожарено од грчка воена единица и турски башибозук, а сите преостанати возрасни или изнемоштени жители биле масакрирани. Заедно со мештаните од Крстополе, најголемиот дел од населението се повлекол во Пашмаклиско, Бугарија уште на 10 јули.
Во Грција Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото броело 143 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 117 лица.
Во 1923 г. сите муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 38 бегалски семејства (вкупно 142 бегалци), така што станало чиста бегалска населба. Подоцна селото било преименувано во Калитеа (Καλλιθέα).
Население
Личности Родени во Габрово
Атанас Хаџи Василев Кормидов (1874–?) — револцуионер од ВМОРО Васил Докторов (?–1915) — револцуионер, раководител на Скечанскиот околиски комитет на ВМОРО Владимир Коруев (1878–1952) — револцуионер од ВМОРО Димитар Кудев (1880–1967) — револцуионер од ВМОРО Димитар Кудоглу (1862–1940) — претприемач Кирјак Кудев — општественик во Бугарија Никола Поп Тодоров (1877–?) — револцуионер од ВМОРО
Наводи
Забелешки
Надворешни врски Коруев, Петър. Село Габрово, Ксантийско. София, 1984
Категорија:Скеча (општина)