Lappula squarrosa — вид цветно растение од семејството Boraginaceae. Во Европа и Азија, е домороден вид и е доста чест, а во поголемиот дел од Северна Америка и Африка е воведен вид.Interactive Agricultural Ecological Atlas of Russia and Neighboring Countries Добро е познат како штетен плевел каде што е одомаќинет, а исто така и во многу делови од својот автохтон опсег. Ова е едногодишно или повеќегодишно растение чие стебло е исправено, а неговиот облик варира во различни региони и климатски услови. Растението може да достигне еден метар во висина. Стеблата се обложени со линејни до овални листови долги до 5 сантиметри и обложени со белузлави влакна, а растението испушта мирис кој главно се смета за непријатен.Non-native Plant Species of Alaska: European Stickseed Соцветието е долг, лиснат грозд од ситни цветови близу до краевите на гранките. Секој цвет е широк од 2 до 4 милиметри со пет светлосини лобуси на королата. Повремено се среќаваат растенија со бели цветови. Плодот е грозд од четири оревести плодови кои се обложени со кукести боцки. Семето се шири кога боцките ќе се закачат на животинско крзно и човечка облека, како и кога се движат од ветерот.
Опис Lappula squarrosa е едногодишно или повеќегодишно растение, високо од 10 до 70 см. Стеблото му e вертикално, обично во горниот дел разгрането, со поретки или погусти, стрчести или стрчесто-исправени, како и полегнати влакна. Базалните листови се собрани во розета, обично за време на цветањето исушени, издолжено-лопатовидни, затапени, долги 15 до 40 мм, широки 3 до 7 мм, во основата стеснети во дршка долга до 1 мм. Стеблените листови се долги 10 до 70 мм, широки 3 до 10 мм, издолжени до линејно-копјести, приседнати или со куси дршки. Цветовите се собрани во врвни или странични срповидни соцветија, кои при образување на плодот се издолжуваат, со прицветни листови, долги до 15 мм. Цветните дршки се долги до 2 мм, исправени. Чашката при цветањето е долга 1,5 до 2 мм, а при образувањето на плодот е долга 2 до 3,5 мм, до основата всечена на 5 линејни сегменти, со долги стрчести или полустрчести четинести влакненца на брадавичести израстоци. Венчето е бледосино, долго 2,5 до 3 мм, венечната трубичка е цилиндрична, долга околу 1 мм, проширениот дел од венчето долг 1,5 до 2 мм, со пречник од 2 до 4 мм. Венечните сегменти се јајцевидно заоблени, покуси од венечната трубичка. Оревчињата се долги 2,5 до 3 мм, сплескано јајцевидно триаголни. Горната површина е со ситни брадавичести израстоци. Рабовите Се со 2 до 3 реда од кукести влакна кои се обично раширени и сплескани во основата. Столпчето од плодникот кусо, скриено меѓу оревчињата.
Живеалиште Ова растение лесно расте во широк спектар на типови живеалишта, вклучувајќи земјоделски полиња, покрај патишта, чакалести насипи и карпести пустини. Успева на прекумерно користени пасишта. Главно во низинскиот појас, поретко на поголема надморска височина.
Распространетост Евроазија: 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition Авганистан, Албанија, Алтај, Амур, Австрија, Балеарските Острови, балтичките ржави, Белорусија, Бугарија, Бурјатија, Средноевропска Русија, Северно-централна Кина, Чита, Чехословачка, Источноевропска Русија, Франција, Грција, Унгарија, Внатрешна Монголија, Иран, Иркутск, Италија, Камчатка, Казахстан, Хабаровск, Киргистан, Кореја, Краснојарск, Крим, Либан-Сирија, Магадан, Монголија, Северозападна Европска Русија, Приморје, Чјингхај, Романија, Сахалин, Јужноевропска Русија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Таџикистан, Закавказ, Турција, Тува, Украина, Узбекистан, Западни Хималаи, Западен Сибир, Шјинџјианг, Јакутска, Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, Словенија. Воведено во: Белгија, Колорадо, Данска, Финска, Германија, Илиноис, Кентаки, Холандија, Нова Каледонија, Ново Мексико, Њујорк, Северноевропска Русија, Норвешка, Полска, Венецуела, Вермонт.
Македонија Скопје – с. Матка; Жеденска Клисура , с. Радуша; клисурата на реката Пчиња , помеѓу Кожле и Бадер ; Таорска Клисура, помеѓу станиците „Пчиња“ и „Рајко Жинзифов“ (sub L. myosotis); Сува Гора – Веља Пресло; Демирхисарско – клисурата на Црна Река, од с. Доленци до сливот на Илинска Река; Македонски Брод: с. Самоков ; Бистра: с. Ростуше, с. Јанче; Дебар – Косоврашка Бања; Струга: с. Луково; Охрид: Универзитетско одморалиште, с. Сирула; Преспа, с. Стење , помеѓу с. Стење и с. Коњско; Прилеп: Мариово – „Гола Скрка“; Неготино: (†) с. Уланци, (†) с. Енешево, Солен Дол (sub L. echinata); Стар Дојран, Мрдаја ; Дојран, с. Сретеново, Мрдаја; Кочани – над браната „Калиманци“ , с. Истибања (sub L. echinata); Куманово – „Краста“.
Наводи
Надворешни врски
Jepson Manual Treatment
Photo gallery
Категорија:Boraginoideae Категорија:Флора на Македонија