Трио Бугарка () била камерна музичка група за бугарски народни песни. Била формирана во 1975 година по идеја на Ева Георгиева.Биографија на Ева Георгиева на Фолклор-тв.бг Заедно со неа во триото пееле Јанка Рупкина и Стојанка Бонева. Вокалните карактеристики на трите пејачки потекнувале од различни региони на Бугарија: Ева Георгиева била од Добруџа, Јанка Рупкина од Странџа, а Стојанка Бонева од Пирин. Нивното пеење се одликувало со оригинално музицирање и специфично слевање на гласовите. Како дел од Женскиот вокален хор на Бугарската државна телевизија, тие се појавиле на албумот „, Volume Two“, кој ја освоил наградата Греми во 1989 година.
Кариера Пред да се оформат како самостојна формација, трите пејачки биле дел од Ансамблот за народни песни на Бугарското радио (подоцна познат како „Мистеријата на бугарските гласови“), каде што биле избрани за хористки и солистки. Повод за нивното официјално именување бил еден настап на Бугарската национална телевизија, за време на кој тие сè уште немале име за својата камерна група. По предлог на тогашниот спикер Даниел Илиев, тие го прифатиле името Трио „Бугарка“. Народните пејачки оставиле над 40 тригласно аранжирани народни песни во фондот на БНР. Тие издале три албуми за издавачките куќи Балкантон и Hannibal Records. Нивната музика била вклучена во многу музички компилации.
Во 1988 година излегол нивниот албум The Forest Is Crying (Заплакала е гората), продуциран од Џо Бојд, кој им станал личен импресарио. Триото стекнало светска слава и поканите за концертни турнеи низ светот не стивнувале. Заедно со групата Балкана имале концертни турнеи во Европа, САД, Австралија, Израел и Јапонија.
Во 1989 година, пејачките од Трио Бугарка учествувале на албумот „The Sensual World“ на Кејт Буш, во песните „Deeper Understanding“, „Never Be Mine“ и „Rocket's Tail“. Во 1993 година се појавиле на уште еден албум на Кејт Буш, The Red Shoes, во песните „You're the One“, „The Song of Solomon“ и „Why Should I Love You?“, каде што учествувал и Принс.
„Никогаш не сум работела со жени на толку интензивно креативно ниво“, изјавила Буш за „Los Angeles Times“ во јануари 1990 година, „и беше нешто чудно да се почувствува таа многу силна женска енергија во студиото. Беше интересно да се види како реагираат мажите во студиото... Наместо само една жена, имаше многу силно женско присуство“.
Триото се разделило на крајот од 1990-тите години. Ева Георгиева починала во 2004 година., а Јанка Рупкина починала на 7 април 2026 година.
Дискографија Албуми „Трио Българка / Bulgarka Folk Trio“ (1985) „Заплакала е гората / The Forest Is Crying“ (1988) „Вокално трио Българка / Bulgarka Vocal Trio“ (1989)
Колаборации „The Sensual World“ (1989) – Кејт Буш „The Red Shoes“ (1993) – Кејт Буш
Наводи
Надворешни врски Биографија на AllMusic Рецензија за албумот The Forest Is Crying на AllMusic
Категорија:Бугарски музички групи