Колумнин кучешки јазик () — вид цветно растение. Првпат бил опишан од Микеле Теноре.Ten. (1815) , In: Prodr. Fl. Napol.: 14 Му припаѓа на родот Cynoglossum од семејството Boraginaceae.Hassler M. (2019). World Plants: Synonymic Checklists of the Vascular Plants of the World (version Nov 2018). In: Species 2000 & ITIS Catalogue of Life, 2019 Annual Checklist (Roskov Y., Ower G., Orrell T., Nicolson D., Bailly N., Kirk P.M., Bourgoin T., DeWalt R.E., Decock W., Nieukerken E. van, Zarucchi J., Penev L., eds.). Digital resource at www.catalogueoflife.org/annual-checklist/2019. Species 2000: Naturalis, Leiden, the Netherlands. ISSN 2405-884X.
Опис Ова е едногодишно растение, високо 20 до 40 см. Стеблото му е вертикално, неразгрането или во горниот дел разгрането, со густи, полустрчести или стрчести влакна. Базалните листови се собрани во розета, издолжено копјести или тесно елиптични, постепено стеснети во дршка, заедно со лисната дршка долги 3 до 6,5 см, широки 0,6 до 1,2 см, од двете страни препокриени со густи, меки прилегнати, прости влакна. Стеблените листови се елиптични или копјести, долги 1,8 до 5 см, широки 0,3 до 0,8 см, приседнати. Со срцевидната основа делумно го опфаќаат стеблото, со слична влакнавост како и базалните листови. Цветовите се без прицветници собрани во главичести срповидни соцветија кои при образувањето на плодот се издолжуваат. Чашката е долга 4 до 5 мм, при образувањето на плодот малку се издолжува, до основата разделена на 5 јајцевидни сегменти, со густи прилегнати или полустрчести влакна. Венчето е долго 5 до 6 мм, со еднаква должина или малку подолго од чашката, темносино, со широка цилиндрична трубичка. Во отворот на венечната трубичка се наоѓаат темноцрвени, проширени грлени лушпи препокриени со куси брадавичести израстоци, под кои се сместени антерите на прашниците. Оревчињата од надворешната страна се сплескани или слабо вдлабнати, со задебелен раб, со пречник од 7 до 10 мм. На сплесканата површина од оревчињата присутни се подолги кукести четинести влакна и покуси брадавичести израстоци.
Живеалиште Покрај патишта, рудерални места, чистини од деградирани шуми од бел габер и во дабови шуми, суви тревести места, особено на варовничка подлога, на надморска височина до 1500 м.
Распространетост Овој вид е ендемски на: Сицилија Италија веројатно Црна Гора Хрватска Република Македонија Босна и Херцеговина Албанија Турција југозападна Анадолија Грција Крит источните Егејски Острови Родос
Македонија Жеденска Клисура – с. Рашче (ЗВ); Кичево – с. Големо Црско („Габер“, „Рамништа“, „Краста“, „Лескојц“); Галичица – с. Пештани, с. Трпејца, Горица, Преслап, над Отешево.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Кучешки јазик Категорија:Флора на Македонија