Германски кучешки јазик () — вид цветно растение, од семејството Boraginaceae, кое е домородно во Европа.
Потекло на името Зборот Cynoglossum потекнува од старогрчкиот збор „kunoglosson“ што значи кучешки јазик, што се однесува на обликот и грубоста на листовите.Pulmonarias and the Borage Family Епитетот на видот „germanicum“ значи германски, и веројатно видот првпат бил идентификуван во Германија.
Опис Ова е двегодишно растение, високо 30 до 70 см. Стеблото му е вертикално, неразгрането или во горниот дел разгрането, голо или со ретки четинести влакна. Базалните листови се зелени, собрани во розета, издолжено елиптични, постепено стеснети во подолга или покуса дршка, долги (заедно со лисната дршка) 6 до 13 см, широки 0,8 до 2 см, од горната страна се голи или со ретки влакна, од долната страна со ретки влакна. Стеблените листови се зелени издолжено-копјести до широко копјести долги 2,5 до 7 см , широки 0,6 до 2,0 см, приседнати, во основата проширени и делумно го опфаќаат стеблото, со слична влакнавост како и базалните листови. Цветовите се без прицветници, собрани во издолжени, тенки срповидни соцветија. Чашката е долга 4 до 5 мм, до основата разделена на 5 јајцевидни сегменти со ретки прилегнати влакненца. Венчето е долго 5 до 6 мм, синовиолетово до црвеновиолетово, со широка цилиндрична до инковидна венечна трубичка, проширениот дел од венчето е покус од венечната трубичка. Во отворот на венечната трубичка се присутни грлени лушпи со белузлави брадавичести израстоци. Прашниците се затворени во венечната трубичка. Оревчињата од надворешната страна се испакнати без задебелен раб, со пречник од 6 до 8 мм, јајцевидни, препокриени со кукести четинести влакна.
Сличен е на тесно поврзаниот Cynoglossum officinale, но се разликува по тоа што има голи, сјајни, светлозелени листови и оревчиња кои се поконвексни однадвор и немаат задебелен раб.Journal of Ecology - Cynoglossum officinale Типичните живеалишта на двата вида многу се разликуваат.
Живеалиште Планински пасишта и камењари, на надморска височина од 700 до 2050 м.
Распространетост Европа: 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition
Албанија, Австрија, Белгија, Чехословачка, Франција, Германија, Велика Британија, Крим, Северен Кавказ, Полска, Романија, Југоевропска Русија, Шпанија, Турција, Украина, Југославија.
Македонија Планината Бистра – с. Галичник, с. Јанче и планината Јабланица – Чума.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Кучешки јазик Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа