Шарен кучешки јазик () — вид растение од семејството на лисичинките (Boraginaceae).
Опис Ова е двегодишно растение, високо 25–70 см. Стеблото му е вертикално, неразгрането или во горниот дел разгрането, со прилегнати или полустрчести, меки прости лакна. Базалните листови се собрани во розета, издолжено-елиптични или лопатовидни, постепено стеснети во долга лисна дршка, заедно со лисната дршка долги 10 до 20 см, широки 1 до 3 см широки, од двете страни препокриени со прилегнати, куси, меки прости влакна. Стеблените листови се копјести, долги 4 до 11 см, широки 0,5 до 2,5 см, приседнати, во основата проширени и делумно го опфаќаат стеблото, со слична влакнавост како и базалните листови. Цветовите се без прицветници собрани во главичести срповидни соцветија кои подоцна, при образувањето на плодот се издолжуваат и разгрануваат. Чашката е долга 4 до 5 мм, при образувањето на плодот малку се издолжува (до 7 мм), до основата разделена на 5 јајцевидно-елиптични сегменти, со прилегнати или полустрчести прости, куси, четинести влакна.Венчето е долго 7 до 9 мм, светлосино, со потемни сини мрежесто распоредени жили, со широка инковидна трубичка малку покуса или речиси со еднаква должина со проширениот дел од венчето. Во отворот на венечната трубичка се наоѓаат темноцрвено-виолетови проширени главичести грлени лушпи, препокриени со куси брадавичести израстоци, под кои се сместени антерите на прашниците. Оревчињата се јајцевидни, од надворешната страна испакнати, без задебелен раб, со пречник од 5 до 7 мм, препокриени со густи кукести четинести влакна.
Живеалиште Покрај патишта, железнички пруги, по брдските пасишта, камењари, во низински делови.
Распространетост
Македонија Скопје, с. Сарај, с. Љубин; Жеденска Клисура – с. Радуша (АТф), с. Рашче (ЗВ), Таорска Клисура – жел. ст. „Рајко Жинзифов“; Гевгелија – Негорски Бањи, Смрдлива Вода; Богданци; Дојран – (†) с. Асанли; клисурата на р. Црн Дрим.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Кучешки јазик Категорија:Флора на Македонија