Nippon Sangoku (, македонски: Јапонија: Три кралства) — манга напишана и илустрирана од Ика Мацуки. Објавувањето започнало на веб-страницата Ura Sunday на издавачката куќа Shogakukan и примената MangaONE во ноември 2021 г. Аниме-серија во производство на студиото Kafka започнала со прикажување во април 2026 г.

Содржина На крајот на епохата реива, Јапонија била погодена од последиците на глобална јадрена војна, што довело до огромен прилив на бегалци, по што следувало смртоносен вирус и разорен земјотрес. Ситуацијата била влошена од лошото управување со државата и наметнувањето високи даноци, што довело до глад.

На крајот, народот започнал бунт со кој ја соборил власта, но населението се намалило на една десетина од својата предвоена големина. Технологијата назадувала до нивото на епохата меиџи, а земјата била поделена на три кралства: Јамато, Такео и Сеи. Сто години подоцна, маж по име Аотеру Мисуми го предводува движењето за повторно обединување на земјата.

Ликови Аотеру Мисуми (јап. ) — главниот лик, младич со извонредна интелигенција што се стреми да ја обедини Јапонија. Глас му позајмува: Кеншо Оно. Саки Хигашимачи (јап. ) — сопатничка на Аотеру. Глас ѝ позајмува: Асами Сето. Денки Таира (јап. ). Глас му позајмува: Такаши Нагасако. Јошицуне Асама (јап. ). Глас му позајмува: Џун Фукујама. Јасуаки Каку (јап. ). Глас му позајмува: Јуичи Накамура. Мицухиде Рјумон (јап. ). Глас му позајмува: Казухиро Јамаџи.

Наводи

Надворешни врски Матична страница на мангата на Ura Sunday Матична страница на анимето на енциклопедијата на Anime News Network

Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 2021 година