Махмутли (, Дафнонас; до 1926 г. Μαχμουτλή) — село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 235 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа 45 км источно од Драма и 5 км северозападно од Крстополе, во падините на Западните Родопи, над левата страна на Места, на надморска височина од 160 м. Низ Махмутли минува државниот пат ЕО14 (Драма–Скеча), а во непосредна близина и железничката пруга Солун-Дедеагач.

Историја Во XIX век Махмутли било турско село во Скечанската Каза на Ѓумурџинскиот Санџак.

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото селото броело 882 жители, кои во 1920 г. се свеле на 820 лица.

Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени 223 бегалски семејства (вкупно 926 бегалци) од Понд и Мала Азија, така што селото станало чиста бегалска населба. Во 1926 г. селото е преименувано во Дафнонас (Δαφνώνας).

Стопанство Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и насточарството.

Население

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Пантелејмон“ Црква „Св. Ѓорѓи“ Параклиси

„Св. Никола“

Наводи

Забелешки

Категорија:Скеча (општина)