Ново Село (, Неохори) — село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 161 жител (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа 53 км источно од Драма и 35 км северозападно од Скеча, во падините на Западните Родопи, над левата страна на Места, на надморска височина од 90 м. Низ Ново Село минуваат државниот пат ЕО14 (Драма–Скеча) и железничката пруга Солун-Дедеагач.

Историја Основано е во 1924 г. од Грци од Понд, Источна Тракија и Мала Азија. Тука биле доведени 22 бегалски семејства (вкупно 122 бегалци). како и семејства од други места од небегалско потекло.

Стопанство Ново Село е мошне богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини од кои дел се наводнува. Главни производи се тутун, жито, градинарски и други земјоделски култури, а населението делумно се занимава и со сточарство.

Население

Наводи

Забелешки

Категорија:Скеча (општина)