„Диви детективи“ (шпански: Los detectives salvajes) — роман на чилеанскиот писател Роберто Болањо од 1998 година. Делото е посветено на Каролина Лопес и Лаутаро Болањо.Roberto Bolanjo, Divlji detektivi (prvi tom). LOM, Beograd, 2016, стр. 5.

Содржина Мексиканци изгубени во Мексико (1975) Првиот дел од романот е напишан во вид на дневник од 2.11 до 31.12. 1975. Хуан Гарсија Мадеро е 17-годишен студент во Мексико Сити. Тој студира право, но повеќе го интересира книжевноста. Еден ден, на поетската работилница на познатиот поет Аламо упаѓаат двајца непознати поети, Улисес Лима и Артуро Болањо, под чие влијание Хуан станува член на нивното движење наречено утробен реализам. Наскоро, тој се запознава со сестрите Анхелика и Марија Фонт и станува љубовник на Марија. Истовремено, тој започнува љубовна врска и со келнерката Розарио, потполно запоставувајќи ги студиите. Кога татко ѝ на Марија, Квин Фонт, ја спасува проститутката Лупе, Хуан случајно станува учесник во сето тоа. Иако живее со Розарио, Хуан е вљубен во Марија и повторно ја посетува, а тогаш дознава дека нејзината куќа е опседната од макрото на Лупе. Таму, тој оди љубов со Лупе, а на новогодишната прослава во куќата доаѓаат и Лима и Болањо. Квин им го дава својот нов автомобил и голем износ пари, под услов да ја спасат Лупе. Во таа прилика, Хуан го удира макрото на Лупе по што и тој влегува во автомобилот и четворицата го напуштаат градот.Roberto Bolanjo, Divlji detektivi (prvi tom). LOM, Beograd, 2016.

Дивите детективи (1976-1996) Вториот дел од романот се состои од 26 глави во кои различни луѓе ги кажуваат своите сеќавања за утробните реалисти и за луѓето кои биле некако поврзани со нив: за нивната потрага по поетесата Сезареа Тинахеро, за разни случки од животот на Белањо (престојот во Чиле за време на воениот пуч, почетоците на неговата книжевна кариера, продажбата на марихуана, скитањето во пустината Сонора, заминувањето во Европа, пропаста на утробниот реализам, животот во Барселона и љубовните врски, средбата со Лима во Прованса, тешкото заболување на внатрешните органи, двобојот со еден книжевен критичар, работата во Африка како дописник на еден весник итн.). Исто така, во овој дел се следи и животната приказна на Улисес Лима: престојот во Париз, неговото затворање во Израел и во Виена, враќањето во Мексико, исчезнувањето во Никарагва, повторното враќање во Мексико, средбата со Октавио Паз, итн. Најпосле, во овој дел се дадени и некои информации за останаите членови на утробниот реализам и нивните пријатели, како престојот на Квин Фонт во психијатриска болница.Roberto Bolanjo, Divlji detektivi (drugi tom). LOM, Beograd, 2017, стр. 7-456.

Пустините на Сонора (1976) Третиот дел повторно е напишан во вид на дневникот на Хуан Гарсија Мадеро и во него се опишуваат случките на Артуро Белањо, Хуан гарсија Мадеро, Улисес Лима и Лупе во пустината Сонора во периодот од 1 јануари до 15 февруари 1976 година. Таму, тие се распрашуваат за поетесата Сезареа Тинахеро и дознаваат дека некое време живеела со еден тореадор, а по неговата смрт работела како учителка. По упорната потрага, тие најпосле ја пронаоѓаат остарената Тинахеро, но истовремено нив ги наоѓаат макрото на Лупе, Алберто и неговиот соработник. Во борбата со прогонителите, Белањо го убива Алберто чиј соработник е смртно ранет, но погинува Сезареа. Тогаш, четворицата патници се разделуваат: Белањо и Лима се ослободуваат од мртвите тела и се враќаат во Мексико Сити, додека Хуан Гарсија и Лупе живеат некое време во куќата на Сезареа, а потоа скитаат по околните места.Roberto Bolanjo, Divlji detektivi (drugi tom). LOM, Beograd, 2017, стр. 457-518.

Наводи

Категорија:Дела на Роберто Болањо Категорија:Книги на шпански јазик Категорија:Книги од 1998 година