Вилијам Чемберс Кокер (24 октомври 1872 - 26 јуни 1953) — американски ботаничар и миколог.

Биографија Роден бил во Хартсвил, Јужна Каролина, на 24 октомври 1872 година. Дипломирал на Јужнокаролинскиот колеџ во 1894 година и посетувал постдипломски студии на Универзитетот Џонс Хопкинс и во Германија. Предавал неколку години на летните школи на Бруклинскиот институт за уметност и науки, во Колд Спринг Харбор, а во 1902 година станал вонреден професор по ботаника на Северокаролнскиот универзитет. Го основал Кокеровиот арборетум во 1903 година. Станал професор во 1907 година, а професор по ботаника во 1920 година. Во 1903 година, бил шеф на ботаничкиот персонал на Бахамската експедиција на Балтиморското географско. Професорот Кокер бил член на многу научни друштва и автор на „Растствениот свет на Хартсвил, Јужна Каролина“ (1912); „Дрвјата на Северна Каролина“ (со Хенри Роланд Тотен) (1916); и „Сапролегниите на Соединетите Американски Држави“ (1921). Освен овие, тој придонел со бројни статии за морфологија и ботаника во научни списанија. Починал на 26 јуни 1953 година, а бил погребан на 29 јуни 1953 година.

Тој е трајно почестен во името на патогената габа Cokeromyces.

Семејство Кокер бил трето од седум деца, на бизнисменот Џејмс Лид Кокер, и брат на земјоделецот Дејвид Роберт Кокер.

Опишани видови

Lactarius subtorminosus Coker (1918) Multifurca furcata (Coker) Buyck & V. Hofstetter (2008) – како Lactarius furcatus

Наводи

Категорија:Американско ботаничко друштво Категорија:Американски просветари Категорија:Починати во 1953 година Категорија:Родени во 1872 година Категорија:Американски миколози Категорија:Американски ботаничари Категорија:Американски писатели Категорија:Ботаничари со авторски кратенки