Националниот воен универзитет „Васил Левски“ (; скратено НВУ) ― национално воено високо училиште на Бугарија.

Историја Бил основан во 1878 година како воено училиште во Пловдив, но истата година бил преместен во Софија. На 19 април 1924 година, институцијата добила статус на универзитет, а во 1945 година била именувана во чест на бугарскиот национален револуционер Васил Левски (1837–1873). Од 1958 година, седиштето на универзитетот било преместено во Велико Трново.

Со одлука на Народното собрание од 14 јуни 2002 година, трите воени училишта во Велико Трново, Шумен и Долна Митрополија биле преобразувани во Национален воен универзитет „Васил Левски“ со седиште во Велико Трново.

Во 2020 година, поранешниот воздухопловен факултет во Долна Митрополија повторно станал независен и започнал да функционира како Високо военовоздушно училиште „Георги Бенковски“.

Наводи

Поврзано Великотрновски универзитет Список на виши училишта во Бугарија

Надворешни врски Службено мрежно место на Националниот воен универзитет

Категорија:Универзитети во Бугарија Категорија:Велико Трново Категорија:Воени училишта Категорија:Појавено во 1878 година во Бугарија