Чучулигово (, Анагениси; до 1928 г. Τσιουτσιλίκοβον, Цуциликовон) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа во средиштето на Серското Поле на околу 20 км западно од градот Сер и северно од Ениќој.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Чучулигово било село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чучулигово (Tchoutchiligovo) било село со 72 домаќинства сочинети од 230 Македонци и 12 муслимани. Во 1891 г. е изградена црквата „Св. Атанасиј“.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) към 1900 година в селото живеят 560 Македонци христијани.
По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Чучулигово (Tchoutchouligovo) имало 480 Македонци под Егзархијата и 120 Македонци под Цариградската патријаршија. Во селото работело бугарско основно училиште. Во 1910 г. инспекторот Константин Георгиев Чучулигово вели дека Чучулигово е мало село со 70 македонски куќи, каде учителствувал Б. Маргаритов и имал 22 ученици (20 машки и 2 женски).Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 176.
Најимотен и највлијателен жител на селото бил Петар Ушев. Парично го потпомагал ВМОРО. Исто така давал пари за изградбата на бугарски училишта и цркви.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Поради војната, селото таа година имало само 361 жител. Непосредно по Првата светска војна голем дел од населението се преселило во Пиринска Македонија, основајќи го денешното село Чучулигово, Петричко. Во 1920 г. во селото се попишани 238 лица. Во 1924 г. под притисок на властите во Бугарија се иселиле уште неколку семејства, а властите во селото довеле грчки колонисти. Во 1927 г. селото е преименувано во Анагенисис, во превод преродба. На пописот од 1928 г. Чучулигово е претставено како етнички мешано село со 767 жители, од кои 464 дојденци (111 семејства), а останатите македонски мештани.
По повлекувањето на бугарската војска на 9 септември 1944 г. Чучулигово страдало од напади на разбојнички андартски чети на Андон Чауш. На 20 февруари 1945 година г. селото е нападнато и ограбено, 15 души се уапсени, а 33 истерани во Бугарија.Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония-мит или реалност, София, 1996, стр. 277.
Во 1972 г. е изградена нова црква „Св. Атанасиј“.
+ Месности во Чучулигово преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Герени Γκερένια Агонон Άγονον Полјани Μπολιάνες Херсон Χέρσονмесност на ЈЗ од Чучулигово Доганџика Ντογατζίκα Аплома Άπλωμα Тригач Τρίγκατς Цуграна Τσουγκράναмесност на СИ од Чучулигово
Население
Личности Стојо Ангелов Ќусето — револуционер, деец на ВМОРО, умрел по 1918 г. Хрисостом Анагностопулос (р. 1933) — грчки духовник Петар Ушев — помагач и јатак на ВМОРО
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Атанасиј“ од 1891 г. Црква „Св. Атанасиј“ од 1972 г.
Наводи
Категорија:Сер (општина)