— аниме-серија произведена од студијата MAPPA и Sola Entertainment за ноќниот блок на Cartoon Network, Adult Swim. Серијата е создадена и режирана од Шиничиро Ватанабе. Се прикажувала речиси симултано во Јапонија на TV Tokyo и нивните претставништва, и во Соединетите Американски Држави на програмата Toonami на Adult Swim (заедно со симултано прикажување на Adult Swim Canada) во периодот од април до јуни 2025 г.
Во Македонија анимето се прикажувало на HBO Max со македонски превод.
Содржина Во утописката 2049 г., светски познатиот невролог д-р Скинер открива чудотворен аналгетик познат како „Хапна“, кој целосно го ослободува корисникот од каква било болка, за кратко потоа д-р Скинер да исчезне без трага. Три години подоцна, во октомври 2052 г., Скинер повторно се појавува во јавноста преку онлајн видеозапис за да објави дека лекот има тригодишен период на полураспад и дека набргу сите што го зеле — ќе умрат.
Основан е посебен одред од пет агенти наречен „Лазар“, со задача да го најдат Скинер во рок од 30 дена и да го принудат да ја открие вакцината пред да умре првиот бран корисници на Хапна.
Ликови
Членови на „Лазар“
23-годишен Бразилец што првично бил во затвор три години за помал прекршок, но оттогаш насобрал неколку доживотни казни во вкупно траење од 888 години поради неговата навика да наоѓа начини да избега од секој затвор во кој ќе биде испратен. Исклучително жилав и навидум без страв, тој ги користи својата итрост и способностите за паркур за да избега од речиси секоја ситуација. Тој е директна и пријателска личност, но исто така зрачи со донекаде осамена аура.
Наводи
Надворешни врски на Adult Swim
Категорија:Аниме-серии Категорија:Оригинални програми на Adult Swim