Мамут () — македонска метал-група основана во 2022 г. Групата сама го определува својот стил како „џангл-метал“, сврзувајќи елементи на треш, грув и примален метал-звук.
Историја Групата привлекла поголемо внимание на македонската сцена со објавувањето на нивниот прв дебитантски албум во 2023 г. Нивната музика се одликува со моќни рифови и агресивен вокал, често обработувајќи теми поврзани со природата и „ослободување на ѕверот во себе“.
Во 2024 и 2025 г., групата објавила серија синглови што го најавуваат нивното ново EP-издание насловено како The Seasons. Производството на нивните најнови материјали е работена во Tide Studios во Лондон.
Членови Даниел Дичоски — вокал, гитара Климент Боев — тапани Филип Здравевски — басист
Дискографија Студиски албуми The Sun Will Rise Again (2023)
EP-изданија The Seasons (2025)
Синглови The Sun Will Rise Again (2023) Jungle Call (2024) We Ride (2024) Dynamite (2025) Mission To Kill (2025)
Наводи
Надворешни врски Официјална веб-страница Официјална Фејсбук-страница Јутуб-канал на Мамут
Категорија:Музички групи од Охрид Категорија:Музички групи основани во 2022 година