мини|Парче леб пред и по печење Тост () — порозен бел леб со тенка кора, кој обично се продава во пакувања веќе исечен на парчиња. Пред употреба, парчињата со стандарден квадратен облик се печат од двете страни. Апаратот за печење на ваквиот леб се нарекува тостер. Тостот се послужува топол за појадок, а се служи и со различни предјадења. Доколку не е испечен, овој леб се користи за подготовка на сендвичи, па затоа често се нарекува и сендвич-леб.
Тестото за тост се меси од пченично брашно, вода, обично или млеко во прав, масти, шеќер, сол и квасец или прашок за печиво. Високата порозност на овој леб се постигнува со висока содржина на белковини, глутен и млечни белковини. Калапите за печење на долгнавестиот правоаголен леб, како и самиот леб, го добиле името „Пулман“ поради сличноста со железничките вагони.
Исхрана и здравје
Споредба со свеж леб Печењето на лебот во тостер и појавата на Мајаровото потемнување влијаат врз неговата хранлива вредност, што е потврдено во бројни истражувања. Примери за хранливи материи чија концентрација се менува се:
Тиамин (витамин B1) — докажано е дека неговата концентрација во лебот се намалува по печењето во тостер.Downs, D. E., & Meckel, R. B. (1943). Thiamin losses in toasting bread. Cereal Chemistry, 20, 352–355. Лизин — оваа есенцијална аминокиселина исто така ја намалува својата концентрација по тостирањето на лебот. Прехранбени влакна — докажано е дека масената концентрација на влакната значително се зголемува по печењето.Downey, G., Effect of toasting on the dietary-fibre content of some commercially-produced Irish breads, Irish Journal of Food Science and Technology, 14(1) (1980), p. 66.
Губењето на хранливи материи како лизинот води до значително намалување на кофициентот на ефикасност на протеините (PER) во лебот.
Поврзано Сендвич Двопек Хавајски тост
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Леб Категорија:Англизми