Рупел (, Клиди; до 1926 г. Ρούπελ, Рупел) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот Округ, Грција. Сè до неготово растурање било населено со Македонци.
Географија Рупел бил сместен на 31 км северно од градот Сер и на 15 км северно од Валовишта, во средиштето на Рупелската Клисура. Селото се наоѓало на левиот брег на Струма во западните пазуви на Сенгелска Планина.
Историја Потекло на името Се смета дека името доаѓа од поимот рупа што значи дупка, галерија за руда, и наставката -ел.
Средновековие На ридот Кула југоисточно над селото са остатоците од средновековна кула која го штитела патот низ Рупелската Клисура.
Во Отоманското Царство На крајот од XIX век Рупел било македонско село во Демирхисарската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рупел (Roupel) било село со 224 домаќинства на 600 жители Македонци и 100 жители муслимани.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Атанас Шопов го посетил селото и во 1893 г. го опишал како македонско.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Рупел живееле 280 Македонци.
Сите жители на селото биле под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По данни на секретаря на екзархията Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) в 1905 година в Рупел (Roupel) има 320 Македонци егзархисти и бугарско училиште со 1 учител и 14 ученици.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во селото имало 177 жители кои во 1920 г. пораснале на 206 лица. Во 1920-тите само неколку семејства од Рупел се иселиле во Бугарија, а властие довеле сосема мал број грчки колонисти. На пописот од 1928 г. селото се води како етнички мешано, со само 8 лица (3 семејства) грчки дојденци, а остатокот македонски староседелци. Во 1926 г. е преименувано во Клидион, во превод клуч, бидејќи споре днекои грчки историчари токму тука се одиграла Беласичката битка (Битката кај Клуч) меѓу војските на византискиот цар Василиј II и македонскиот Цар Самоил.
Во 1930-тите г. на 3 км североисточно од селото е изградена тврдината Рупел (Ρούπελ), дел од линијата „Метаксас“. Во 1940 г. селото е попишано со 304 жители, од кои 186 биле мажи, што значи дека со селаните е попишана и погранична воена единица. Крај оваа линија во април 1941 г. се развила голема битка со германската војска која малку го забавила настапувањето на Германците.Η Μάχη στο Οχυρό Ρούπελ . Потоа подрачјето е преземено под команда на бугарската бојска. По војната властите не дозволиле обнова на селото поради неговата погранична положба.
Од Рупел останала само црквата „Св. Димитриј“, обновена во периодот од 1930 до 1940 г. на местото на средновековен храм.
Личности Никола Попстаноев — револуционер на ВМОРО, раководител на рупелската селска чета во Илинденското востание Дина Стојков — борец во МОО, четата на Георги Занков Никола Константинов (Костадинов 1877 - ?) — борец во МОО, четата на Георги Занков, Нестројна чета на XIV Воденска дружина
Наводи
Категорија:Историски села во Синтика