Михаил Јефимович Алперин (7 ноември 1956 — 11 мај 2018), обично среќаван како Миша Алперин, бил советско-норвешки џез пијанист, познат како клучен член на Московското уметничко трио. AllMusic.com

Биографија Алперин бил роден во Камјањец-Подиљски, Украинска ССР во еврејско семејство. Се школувал во Хмелницки ,Белц и Кишинев. Во 1980 година, формирал еден од првите џез ансамбли во Молдавска ССР. Се преселил во Москва во 1980-тите и го основал Московското уметничко трио со Аркадиј Шилклопер и фолк пејачот Сергеј Николаевич Старостин. Соработувал и со Хун Хур Ту. Од 1993 до 2018 година живеел во Осло ,Норвешка; бил професор по музика на Норвешката музичка академија и ги надгледувал пијанистот Хелге Лиен и Мортен Квенилд, меѓу многу други. Тој објавил неколку музички дела за издавачката куќа ECM Records. Алперин починал на 11 мај 2018 година на 61-годишна возраст.

Наводи

Категорија:Норвешки музичари Категорија:Еврејски музичари Категорија:Украински композитори Категорија:Советски Евреи Категорија:Починати во 2018 година Категорија:Родени во 1956 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис

Категорија:Џез-музичари Категорија:Џез пијанисти