Buglossoides sibthorpiana е широколисно растение. Овој вид првпат бил опишан од Август Гризебах, а сегашното име му го дал С.К. Черепанов. Buglossoides sibthorpiana е вклучен во родот Buglossoides. Во „Каталогот на животот“ не се наведени подвидови.
Опис и распространетост
Едногодишно растение. Стеблото е до 25 цм високо, силно разгрането од основата, дел од разгранетите гранчиња се исправени, дел полегнати. Листовите се густо распоредени на стебленцата, препокриени со густи прилегнати и полустрчести прости, четинести влакна. Цветовите обично се поединечни, собрани во почетокот во збиени цимозни соцветија кои за време на формирањето на плодот се издолжуваат. Цветни дршки се куси 1–2,5 мм, цилиндрични, при формирање на плодот се издолжуваат. Чашката е 2–3 мм долга речиси до основата разделена на 5 линејни сегменти, препокриени со прилегнати и полуприлегнати прости четинести влакна. Венчето е 4–7 мм долго, бело, инковидно, венечната трубичка тесно цилиндрична, под средината синкава, од надворешната страна со прилегнати влакненца, во близината на отворот со слабо забележливи набори од влакненца, подолга од чашката.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 88-89, издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Расте по песокливи места, покрај брегови на езера, покрај патишта и слично, на надморска височина до 850 метри.
Во Македонија Во Македонија е најден во Преспа, Стење, Кочани, Оризари и Габрово.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа