Bagassa guianensis претставува дрво од фамилијата растенија Moraceae со потекло од Гвајана и Бразил и воедно се цени како дрвена граѓа и како дрво за храна за дивите животни и неговите млади листови се значително различни по изглед од зрелите листови и некогаш се сметало дека припаѓаат на различни видови.
Опис Bagassa guianensis се карактеризира со својата големина, дводомност, а воедно и е листопадно дрво кое произведува латекс и достигнува висина до до 45м со дијаметар на градна висина од 190см.
Листовите се длабоко тролобусни кај младите, но стануваат цели како што дрвото созрева и обично се долги од 6см до 22см, а понекогаш и до 30см долги и од 4см до 17см широки, понекогаш и до 23см.
Машките и женските цветови се наоѓаат на одделни соцветија и додека машките соцветија се распоредени во клас, кои се од 4см до 12см долги, женските соцветија се распоредени во компактна глава која е од 1см до 1.5см во дијаметар, додека Инфруктесценциите се од 2.5см до 3.5см во дијаметар.
Таксономија Bagassa е монотипичен род кој вклучува само еден вид, B.guianensis и бил основан во 1775 година од францускиот ботаничар Жан Батист Кристофор Фузе Обле во неговиот опис на видот, а описот кој го дал се базирал на млади листови заедно со инфуктесценции
Во 1825 година, врз основа на зрели листови и машки соцветија, францускиот ботаничар Никез Огист Дево го опишал Piper tiliifolium.
Во 1844 година Шарл Годишо-Бопре ја опишал Laurea tiliifolia.
Во 1933 година Рејмонд Беноа ги префрлил овие на Bagassа како B. tiliifolia.
Во 1880 година Луис Едуард Биро го опиша Б.sagotiana врз основа на зрели лисја и женски соцветија.
Се сметало дека растенијата со младешки и возрасни лисја припаѓаат на различни видови, барем до 1975 година, а во неговиот третман на Moraceae за флората на Суринам од 1975 година, холандскиот систематист Корнелис Берг го задржал B.guianensis и B.tiliifolia како посебен вид, од кои првиот со лобусни млади лисја, а додека вториот со цели лисја од зрели дрвја иако ја одржувал оваа разлика со резерва.
Оваа забуна подоцна била разјаснета преку набљудувања на живи дрвја на терен.
Дистрибуција Bagassа guianensis се среќава во Гвајана, Суринам, Француска Гвајана и северниот амазонски слив (во државите Амапа, Пара, Маранјао и Рораима) со очигледно разделена популација во југозападните држави Мато Гросо и Рондонија.
Екологија Bagassa guianensis е „долговечен пионер“ кој често се вкоренувал во шуми со втор раст и празнини меѓу паѓањата на дрвјата.
Иако структурата на цветовите од B. guianensis сугерирале опрашување од лилјаци, сепак Берг сугерирал дека тие можеби се опрашуваат со ветер бидејќи дрвјата биле „високи и листопадни“.
Директното набљудување сугерирало дека опрашувањето е првенствено од трипси, иако самите трипси може да се шират со ветер, а една студија во Пара, Бразил, сугерирала на тоа дека во просек, семето се произведувало од полен што патувал помеѓу 308м и 951м од машките цветови кои го произвеле поленот до женските цветови кои биле опрашени.
Семето на B. guianensis се шири кај различни животни, вклучувајќи мајмуни, птици, елени, глодари и желки.
Употреба B. guianensis е вреден дрвен вид и интензивно се експлоатира, бидејќи се користи за градежништво, мебел и бродоградба.
Инфруктесенциите се јадливи.
Наводи
Категорија:Црници