Марк Еган (роден на 14 јануари 1951 година, во Броктон, Масачусетс ) — американски џез-басист познат по своето членство во групата „Пет Метени“ и оркестарот „Гил Еванс“. Исто така, тој е и ко-основач на џез-фјужн бендот „Елементс“.

Биографија Марк Мекданиел Eган бил роден во Броктон, Масачусетс во 1951 година. Под влијание на неговиот татко, учел труба на 10-годишна возраст. Свирел труба во текот на своето школување, а почнал да свири бас кога имал 15 години. Додека студирал на музичкото училиште „Фрост“ при Универзитетот во Мајами, првично како студент по труба, студирал со џез-едукаторот Џери Кокер. Се префрлил од труба на бас. Додека бил во Мајами, се спријателил и настапувал со Ајра Саливан, Пет Метени, Дени Готлиб, Клифорд Картер. Меѓу неговите учители биле Џако Пасториус, Дејв Холанд и Енди Лаверн.

Во 1974 и 1975 година, по дипломирањето на Универзитетот или Музичкото училиште во Мајами со диплома по студиска музика и џез, Еган бил член на групата „Филис Хајман“, по што „ПХ Фактор“ на крајот се преселиле во Њујорк заедно со членовите на бендот Хирам Булок (гитара), Клифорд Картер (клавијатури) и Били Боукер (тапани). Еган продолжил со турнеја заедно со Еумир Деодато, „Поинтер Систерс“, каде снимал и бил на турнеја заедно со Дејвид Санборн. Во 1977 година, бил дел од оригиналната група „Пет Метени“ до 1980 година. По неговиот мандат со Пет Метени, тој работел како студиски музичар во Њујорк, каде што снимал и настапувал со најдобрите музичари во светот, вклучувајќи ги Џо Бек, Стив Кан, Крис Паркер, Стив Гад, Џеф Миронов, Лу Солоф, Лу Марини, Џон Фадис, Џо Каро, Хју МекКракен, Алан Шварцберг, Џон Тропеа, Ајра Сигал, Ричард Крукс, Крег Снајдер и многу други музичари.

Во 1981 година ја основал џез-фјужн групата „Елементс“. заедно со тапанарот Дени Готлиб. На неколку изданија на „Елементс“ им се придружиле Бил Еванс - саксофон, Клифорд Картер - клавијатури, Стив Кан - гитара, Џо Каро - гитара, Аирто МореАјра - перкусии, Флора Пурим - вокал, Џеф Миронов - гитара, Стен Самоле - гитара, Дејвид Ман - саксофони и Маноло Бадрена - перкусии. „Елементс“ снимале и биле на турнеи низ целиот свет во текот на 1990-тите и снимиле девет плочи објавени преку „Антилес“, „РЦА“ и „Вејвтоун рекордс“.

Во текот на 1980-тите и 1990-тите, Еган бил и дел од оркестарот Гил Еванс. Тој ја основал својата издавачка куќа, Вејвтон Рекордс, со дваесет и шест изданија до ден денес.

Дополнително тој учествувал во создавањето на одредени саундтракови кои биле вклучени во филмовите: Големиот Лебовски, Аладин, Спој на две месечини, Предмет на мојата наклонетост, Имаш пошта, Бојата на парите, Превртување, Брза промена, Однесена во воздух и др. Тој снимил еден албум, наречен Urge, заедно со Форест Бухтел Помладиот, меѓу другото, ја вклучува и музичката тема на Си-ен-ен.

Еган имал турнеи и снимано со широк спектар на уметници, вклучувајќи ги Гил Еванс, Пет Метени, Стен Гетц, Стинг, Аркадија, Роџер Далтри, Ричи Хејвенс, Џоан Осборн, Маријана Фејтфул, Мајкл Френкс, Стив Гросман, Дејвид Либман, Мичел Форман, Мајк Стерн, Терумаса Хино, Лори Андерсон, Карли Сајмон, Арт Гарфанкел, Џон Меклафлин, Лари Кориел, Пет Мартино, Џуди Колинс, Синди Лопер, Софи Б. Хокинс, Бил Еванс, Лу Солоф, Џо Бек, Џим Хол, Аирто Мореира, Флора Пурим, Тонињо Хорта, Линли Хамилтон, Пол Шафер, Гато Барбиери, Чак Лоеб, Хирам Булок, Клифорд Картер, Шон Колвин, Дар Вилијамс, Гил Голдштајн, Еумир Деодато, Марк Кон, Марк Марфи, Џорџ Грунц, Вики Сју Робинсон, Волтер Бишоп Џуниор, Сони Форчун, Френк Вес, Тања Марија, Џеки Меклин, Рори Блок, Мими Фарина, Алекс Диграси, Реза Кан, Џеф Чампа, Серхио Переира, Карл Латам, Специјал ЕФКС, Арџун Бругеман, Кришна Дас и Поинтер Систерс.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница на Марк Иган - вклучува комплетна дискографија Веб-страницата на Вејвтон Records Веб-страницата на CD Baby Марк Иган на Амазон Песни на Марк Иган

Категорија:Џез-музичари Категорија:Родени во 1951 година