мини|Карта на сливот на Рибинското Езеро. Суда е прикажана на картата.Суда () — река која се наоѓа во Бабаевскиот, Кадујскиот и Череповецкиот реони во Вологодската Област во Русија и се влева во Рибинското вештачко езеро на Волга.
Нејзината должина е 184 км и има сливна површина од 13,500 км², како и просечен проток од 134 м3.
Нејзини главни притоки се Шогда, Андога, Колп, Ворон и Петух.
Изворот на Суда е устието на реките Колошма и Ножема на северозапад од Бабаевскиот реон во Вологдската Област во близина до границата со Ленинградската Област.
Реката тече во општа насока југоисток, а речиси целата долина на Суда е населена.
По реката Суда е именувано селото Борисово-Судское, кое се наоѓа по горниот тек, а помеѓу 1927 и 1959 година било административен центар на Борисово-Судскиот реон во Ленинградската Област и на Вологдската Област. Историскиот имот Хвалевское се наоѓа во селото Борисово-Судское на бреговите на реката Суда што се високи 30 метир.
Во долниот тек, помеѓу устието на Колп од лево и Андога од десно, Суда тече близу до населбата од урбан тип Кадуј која е центарот на Кадујскиот реон и се наоѓа на левиот брег.
Устието на Суда се наоѓа во населбата Суда, а долниот тек е во суштина залив на Рибинското вештачко езеро.
Речниот слив на реката Суда опфаќа огромна површина на запад од Вологодската Област, поточно, речиси целиот Бабаевски реон и Кадујски реон, како и големи области во Белозерскиот и Череповецкиот реон во Вологодската област и во Бокситогорскиот реон во Ленинградската област, како и помали области во Витегорскиот и Устјуженскиот реон во Вологодската област и Тихвинскиот и Подпорошкиот реон во Ленинградската област.
Во речниот слив на Суда има бројни езера кои претежно се од ледничко потекло, а најголемото од нив е езерото Андозеро во Белозерскиот реон.
Долниот тек на реката Суда е запишан во Државниот регистар на води на Русија како пловна, меѓутоа, нема патничка навигација.
Руската куќа за кавијар, најголемиот производител на црн кавијар во Русија, користи бунари за живи риби на реката Суда, во кои водата останува топла преку целата година благодарение на чистата вода од системот за ладење на термоцентралата Чеповец.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Вологодската област Категорија:Притоки на Волга Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со краток опис