Медведица () — река во окрузите Спировски, Лихославски, Рамешковски, Кашински и Кимрски во Тверската област, Русија. Таа е лева притока на Волга која влегува во реката близу Угличкиот резервоар. Главни притоки се Кушалка (лево), Ивица (десно), Дрезна (лево), Рудомош (лево) и Јахрома (десно). Должината на Медведица е 259 километри, а површината на нејзиниот слив е 5570 километри квадратни.

Изворот на Медведица е југозападно од селото Горма во Спировскиот округ, на југоисточната периферија на Валдајските ридови. Реката тече југоисточно и претставува дел од границата помеѓу Спировскиот и Лихославскиот округ. Го преминува Лихославскиот округ, потоа влегува во Рамешковскиот округ, а јужно од Рамешки свртува кон исток. Медведица стигнува до границата со Кимрскиот округ и свртува североисток, одредувајќи ја границата помеѓу Рамешковскиот и Кимрскиот округ, а потоа кон исток, одредувајќи ја границата помеѓу Кашински и Кимрскиот округ. На крај влегува во Кашински округ, се враќа на границата и преминува во Кимрскиот округ. Устието на Медведица е низводно од селото Плешково.

Сливот на Медведица ги вклучува централните делови на Спировскиот и Лихославскиот округ, речиси целата област на Рамешковскиот округ, северозападниот дел од Кимрскиот округ, западниот дел од Кашински округ, како и помали области во Бежетскиот и Кесовогорскиот округ. Населбата од урбан тип Рамешки се наоѓа во сливот на Медведица.

Медведица е популарна за туризам и рекреација.

Наводи

Категорија:Реки во Тверската област Категорија:Притоки на Волга Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со краток опис