Болшаја Кокшага (; ) во буквален превод Голема Кокшага — река и воедно лева притока на Волга која се наоѓа во Кировската Област и Мариј Ел, Руска Федерација.

Нејзината должина е 297 километри со сливна површина од 6.330 км².Большая Кокшага, Great Soviet Encyclopedia

Реката се полни од снег и дожд, а од ноември до април обично е замрзната.

Реката извира во зимзелените шуми на Кировската Област, каде што областа е ретко населена со Руси и Маријци, а главните населби на Кокшага се Кикнур и Санчурск во Кировската Област.

Реката Мариј Ел поминува низ Мариската депресија, каде што има мешани шуми и мочуришта, а оваа област е исто така ретко населена и таму се наоѓа природниот резерват Болшаја Кокшага.

Голема Кокшага тече до Кујбишевското езеро, а потоа до Волга во близина на Кокшајск, Мариј Ел.

Главната притока на Голема Кокшава е Бољшој Кундиш.

Сплаварење Сплаварењето е популарно на Голема Кокшага во пролет во периодот од април до мај, а пак во лето реката станува плитка, а речното корито се затнува со трупци што пловат низводно.

Поврзано

Мала Кокшага

Наводи

Категорија:Реки во Мариј Ел Категорија:Притоки на Волга Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со краток опис