Општина Мездра () — општина во Северозападна Бугарија, една од составните општини на Врачанската област. Административен центар е градот Мездра. Општината има 19.173 жители (2022).
Географија Општината се наоѓа во јужниот дел на Врачанската област. Со површина од 519,11 км2 го зазема 2-то место меѓу 10-те општини во областа.
Релјефот на општината е разновиден — претежно ридски и планински, бидејќи зафаќа делови од Стара Планина (Балкан) и Предбалканот. Низ територијата на општината поминува величествената Искарска Клисура на реката Искар.
Самоуправа Општината се состои од 28 населени места, од кои 1 град и 27 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:
Боденец Брусен Врбешница Горна Бешовица Горна Кремена Долна Кремена Дрманци Елисејна Зверино Злидол Игнатица Кален Крапец Крета Лик Љутиброд Љутидол Мездра Моравица Оселна Ослен Криводол Очиндол Ребрково Руска Бела Старо село Типченица Цаконица Царевец
Наводи
Поврзано Област Враца Општини во Бугарија
Надворешни врски Мрежно место на Општина Мездра
Мездра