Скрјабиновата Фантазија во х-мол, оп.28 била напишана во 1900 година. Ова дело напишано во еден став, во сонатна форма служи како мост меѓу третата и четвртата соната на композиторот. Скрјабин го напишал ова дело во генерално непродуктивен период, додека тој бил во Консерваториумот на Москва. Првата едиција од ова дело било издадено од Белајеф.
Композиторот можеби заборавил дека делото постоело. Според Леонид Сабанеев, кога тој почнал да свири една од темите на ова дело на клавир, во станот на Скрјабин во Москва (сега музеј), Скрјабин извикал од соседната соба: „Кој го напишал ова дело? Звучи познато.“ – „Твојата „Фантазија , бил одговорот од Сабанеев. Скрјабин рекол: „Каква „Фантазија“?“ Оваа приказна, раскажана од Сабанеев и прераскажана од Фобјон Бауерс во неговата биографија за Скрјабин, сепак може да биде лажна. Во секој случај, како што Сабанеев сметал дека е соодветно да го лажира датумот на смртта на Скрјабин и на друг начин да се ослободи од фактите, неговите раскажувања на инаку непотврдени приказни најдобро е да се земат со резерва. Како и да е, обемната документација на Бауерс за концертните програми на Скрјабин не покажува докази дека Скрјабин го свирел делото јавно.
„Фантазијата“ започнува со амбициозна, отворена хармонија слична на онаа што Скрјабин ја користел за почетокот на својата втора соната, позната како „Соната-Фантазија“. Воведот е јасно во х-мол, но тониката постојано се избегнува: техника што се користи широко во баладите на Шопен, во „Тристан и Изолда“ од Вагнер и од самиот Скрјабин во неговата трета и четврта соната. Воведот се карактеризира со бас линија која вечно паѓа и мелодија што контрастно, се бори нагоре и драматично се спушта надолу во назабени гестови.
Ова мрачно отворање отстапува место на една од најубавите мелодии на Скрјабин, втората тема во Д-дур. Мелодијата е обработена во канон, со повеќе гласови што одекнуваат над исклучително распространетата придружба во левата рака. Завршните групи на експозицијата (каде и првата тема се појавува), се исто така во Д-дур, се грандиозни и самоуверени со ритмичка опсесивност и насочени гестови карактеристични за херојското пишување на Скрјабин.
Во развојниот дел и во рекапитулацијата, првата тема е опширно разработена со широки арпежи во двете раце. Сепак, таа е скратена, отстапувајќи доста брзо место на премин кон втората тема. Втората тема, во меѓувреме, е рекапитулирана во величественост, а не во нежност: апотеоза слична на тематската трансформација на втората тема во првата Шопенова балада од нејзината почетна нежна изјава во Е♭-дур до нејзината грандиозна возбуда во А-дур.
И покрај наликот на слободата и импровизацијата содржани во насловот „Фантазија“, делото е всушност прилично едноставно (ако не и точно) во сонатна форма. Експозицијата има јасна прва тема и транзиција, по кои следи втора тема и завршни групи во паралелниот дур. Развојниот дел е карактеристично бурен, разработувајќи ги темите од експозицијата преку секвенци; и освен скратувањето на првата тема, рекапитулацијата се повторува исто како и во експозицијата. Елементите „Фантазија“ сепак преземаат на крајот од рекапитулацијата: наместо удобно да се смести во Х-дур, делото започнува кода која е наизменично слободна и импровизаторска, и напишана во секвенци (скоро втор развоен дел) и рекапитулаторна. (Видете го за споредба четвртиот став од Соната бр. 3 на Скрјабин, која изгледа како да е на формална граница помеѓу соната-алегро и соната-рондо.)
На крајот, кодата завршува триумфално во Х-дур, со силна евокација на Вагнеровото „ Liebestod “. Во секој случај, текстурата на крајот е многу слична на онаа на Листовата транскрипција на Вагнеровото дело; тоналитетот е ист; и во секој случај, дурската тоника е резолуција на полунамалениот септакорд на супертониката.
„Фантазијата“ е едно од најтешките дела напишани од Скрјабин пред неговиот доцен период. Густите и контрапункциски текстури се исклучително тешки за озвучување, судирите меѓу рацете бараат внимателно разработување, а придружбата со левата рака е на места повеќе или помалку невозможна (што бара прераспределба меѓу рацете).
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Композиции во ха-мол Категорија:Дела за соло пијано Категорија:Статии со микроформати hAudio