мини|Илустрација за расказот „Лигеја“ на Едгар Алан По од Хари Кларк (1889-1931), објавен во 1919 година.„Лигеја“ — еден од првите кратки раскази од американскиот писател Едгар Алан По. Првпат објавен во 1838 година во Американскиот музеј, а претрпел неколку ревизии и препечатувања за време на животот на По.
Приказната го следи неименуваниот наратор и неговата сопруга, Лигеја, убава и интелигентна жена со црна коса. Лигеја се разболува и, непосредно пред нејзината смрт, ги компонира стиховите за песната „Победникот црв“ и цитира стихови што му се припишуваат на Џозеф Гланвил. По нејзината смрт, нараторот ја среќава и се жени со Лејди Ровена, која потоа исто така се разболува и умира. Во текот на ноќта, додека нараторот, растроен и под дејство на опијати, бдее над нејзиното тело, тој ја гледа Ровена како полека се враќа од мртвите - трансформирана во Лигеја, сепак.
Приказната може да се разбере и како халуцинација на нараторот предизвикана од опиум, а постои и дебата за тоа дали намерата зад приказната била сатирична.
Дејство Приказната ја раскажува неименуван наратор кој ги опишува карактеристиките на Лигеја како убава, страсна и интелектуална жена со црна коса и темни очи. Тој се сеќава дека ја сретнал „во некој голем, стар, трошен град во близина на Рајна“, или барем така мисли. Тој не може да се сети на ништо за потеклото или минатото на Лигеја, но се сеќава на нејзиниот прекрасен изглед.
Нејзината убавина, сепак, не е конвенционална по никаков стандард. Тој ја опишува нејзината фигура како висока и витка, но во нејзините последни денови оваа виткост е зљаменета со неухранетост. Тој наведува дека таа се движела со необична леснотија и незабележливост, како сенка, и дека, и покрај нејзината извонредна убавина, сепак забележал одредена „необичност“ што никогаш не можел прецизно да ја дефинира. Тој го опишува нејзиното лице детално, од нејзиното „беспрекорно“ чело до нејзините „божествени очи“. Откако се венчаваат, Лигеја дополнително го импресионира својот сопруг со своето широко познавање на природните и математичките науки и нејзиното познавање на класичните јазици, а таа почнува да го запознава со светот на метафизичките истражувања и „забранетото“ знаење.
По неодреден временски период, Лигеја се разболува и внатрешно се бори со пригфаќањето на човечката смртност. Кратко пред нејзината смрт, таа составува песна наречена „Црвот што победува “ во која се прикажува нејзината ментална состојба и резигнација поради загубата на нејзиното физичко битие. Потоа таа умира, а нараторот, погоден од тага, купува и обновува манастир во Англија.
Потоа нараторот се жени со „русокосата и синооко дама Ровена во брак без љубов. Во вториот месец од нивниот брак, Ровена почнува да страда од зголемена анксиозност и треска. Една ноќ, додека се онесвестува, нараторот ѝ сипува чаша вино. Под дејство на опиум, тој мисли дека гледа капки од „светла и темноцрвена течност“ како паѓаат во чашата. Откако ја испила чашата со течноста, состојбата на Ровена брзо се влошува и неколку дена подоцна таа умира, а нејзиното тело е завиткано за погреб.
Додека нараторот го набљудува нејзиното тело во текот на ноќта, забележува кратко враќање на бојата на образите на Ровена. Таа постојано покажува знаци на оживување, пред повторно да падне во очигледна смрт. Додека нараторот се обидува да ја оживее, почетокот на периодите на оживување станува сè позабележителен, а повторените паѓања во смртта изгледаат сè поконкрентни. Како што се разденува, а нараторот седи емоционално исцрпен од ноќна борба на живот и смрт, испрекинатасо соништа за Лигеја, обвитканото тело оживува за последен пат, станува истои во средината на собата. Кога нараторот ја допира фигурата, завоите паѓаат од нејзината глава, откривајќи кадрици од црната коса и нејзините темни црни очи - Ровена се трансформирала во Лигеја. мини|Илустрација од Бајам Шо, околу 1909 година
Историја на објавување „Лигеја“ првпат била објавена на 18 септември 1838 година, во Американскиот музеј, уредена од пријателите на По, д-р Натан К. Брукс и д-р Џозеф Е. Снодграс. Списанието му платило на По 10 долари за да ја објави „Лигеја“. Приказната била значително ревидирана во текот на нејзината историја на објавување.
Анализа на расказот Лигеја, според нараторот, е исклучително интелегентна. Најзначајно е што таа го поучувала нараторот за „метафизички истражувања“, пренесувајќи му „мудрост премногу божествено скапоцена за да биде забранета“. Така, нејзиното познавање на мистицизмот, во комбинација со интензивна желба за живот, можеби довело до нејзино повторно оживување. Воведниот епиграф, кој се повторува низ целото главно тело на приказната, му се припишува на Џозеф Гленвил, иако овој цитат не се наоѓа во преживеаните дела на Гленвил. Можно е По да го измислил цитатот и да го додал името на Гленвил за да го поврзе со верувањето на Гленвилво маѓесништво.
Лигеја и Ровена служат како естетски спротивности: Лигеја е темнокоса жена од град на Рајна, додека Ровена е русокоса жена од англосаксонско потекло. Оваа симболична спротивност имплицира контраст помеѓу германскиот и англискиот романтизам.
Што точно По се обидувал да пренесе во сцената на метаморфоза е предмет на дебата, делумно поттикната од изјава во личната преписка на По во која се негира дека Лигеја се преродила во телото на Ровена (изјава што подоцна ја повлекол). Ако Ровена навистина била трансформирана во мртвата Лигеја, единствениот доказ за ова се зборовите на нараторот, што остава простор за сомнителна валидност. Нараторот е веќе етаблиран како зависник од опиум, што го прави несигурен наратор. Нараторот ја опишува убавината на Лигеја на почетокот на приказната како „сјајот на опиумскиот сон“. Тој исто така ни кажува дека „во возбудата од неговите опиумски соништа, тој гласно го викал нејзиното име, во тишината на ноќта како да можел да ја врати. Ова може да се протолкува како доказ дека враќањето на Лигеја не било ништо повеќе од халуцинација предизвикана од дрога.
Ако враќањето на Лигеја од смртта всушност се темелело на реалноста, се чини дека тоа произлегува од нејзиното тврдење дека едно лице умира само преку слаба волја. Ова, според тоа, имплицира дека силната волја може да го одржи некого во живот. сепак, не е јасно дали волјата на Лигеја или волјата на нејзиниот сопруг ја враќа Лигеја од мртвите.
Наводи
Категорија:Дела на Едгар Алан По