Возачка дозвола во Република Македонија е официјална јавна исправа што ја издава Министерство за внатрешни работи (МВР), со која се потврдува правото на физичко лице да управува со одредени видови моторни возила на јавните патишта. Системот на возачки дозволи е хармонизиран со стандардите на Европската Унија (Директива 2006/126/ЕЗ) и следи единствена пластична картичка формат од 2007 година наваму.

Услови за стекнување Кандидат кој сака да се стекне со возачка дозвола мора:

Да достигне пропишана минимална возраст. Да поседува важечко лекарско уверение. Да заврши теоретска и практична обука во овластена автошкола. Успешно да го положи возачкиот испит (теоретски тест + практичен дел). Да поднесе барање во МВР со потребните документи.

Категории +КатегоријаОписДозволено влечење приклучно возилоУсловиAM мопеди мотокултиватор возила на две или три тркала со максимална брзина која не надминува 45 км/ч лесни четирицикли.16 годиниА1 мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg трицикли со моќност помала од 15 kw.16 годиниA2 мотоцикли со или без бочна приколка сила на мотор која не е поголема од 35 kw и соодносот меѓу јачината на мотор и масата на возилото не е поголем од 0.2 kW/kg, но не потекнуваат од возило со двојно поголема моќност.18 годиниA мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 15 kw. 21 година кој 2 години поседува возачка дозвола од категоријата А2 или 24 годиниB моторни возила чија најголема дозволена маса не надминува 3.500 kg, кои немаат повеќе од осум седишта не сметајќи го седиштето на возачот. лесна приколка (до 750 kg најголема дозволена маса) приколка со најголема дозволена маса поголема од 750 kg, под услов најголемата дозволена маса на комбинацијата на возила да не надминува 4.250 kg.18 годиниBE комбинација на возила влечени од страна на возило од категорија B. најголема дозволена маса на приклучното возило не надминува 3.500 kg18 годиниC1 моторни возила кои не спаѓаат во категориите D1 или D, чијашто најголема дозволена маса е поголема од 3.500 kg, но помала од 7.500 kg, кои се конструирани за пренос на не повеќе од осум патници покрај возачот. лесна приколка (до 750 kg најголема дозволена маса) 18 години најмалку 1 година поседување возачка дозвола од категоријата B.C1E возила влечени од страна на возило од категорија C1 и чија најголема дозволена маса на приклучно возило е поголема од 750 kg, притоа групата да не надминува 12.000 kg, како и група на возила влечена од страна на возило од категорија B чија најголема дозволена маса на приколка надминува над 3.500 kg, без притоа групата на возила да не надминува 12.000 kg.18 годиниC моторни возила кои не спаѓаат во категориите D1 или D чија најголема дозволена маса надминува 3.500 kg, а кои се конструирани за превоз на не повеќе од осум патници покрај возачот. лесна приколка (до 750 kg најголема дозволена маса) 21 година најмалку 1 година поседување возачка дозвола од категоријата B.CE група на возила влечени од страна на возило кое припаѓа во категорија C на кое може да биде придодадено приклучно возило чија најголема дозволена маса е поголема од 750 kg.21 годинаD1 моторни возила за превоз на лица кои покрај седиштето на возачот имаат повеќе од осум, но не повеќе 16 седишта и чија вкупна должина не надминува осум метри. лесна приколка (до 750 kg најголема дозволена маса)21 годинаD1E група на возила влечени од страна на возило кое спаѓа во категоријата D1 со најголема доозволена маса на приколката поголема од 750 kg.21 годинаD моторни возила за превоз на патници кои имаат повеќе од осум седишта, покрај седиштето на возачот. лесна приколка (до 750 kg најголема дозволена маса) 24 години најмалку 2 години поседување возачка дозвола од категоријата C.DE група на возила влечени од страна на возило од категорија D чија најголема дозволена маса на приколката е поголема од 750 kg.24 годиниF трактори со или без тракторски приколки17 годиниG мобилни машини16 годиниT трамваи24 години

Возач-почетник Возач-почетник е посебна категорија возачи утврдена со закон, која ги опфаќа лицата кои управуваат моторно возило во период од две години по добивањето на возачката дозвола. Овој статус се применува независно од тоа дали дозволата е издадена во Македонија или во друга држава. За возач-почетник се смета и лице кое стекнало нова категорија на возачка дозвола, во период од две години по нејзиното добивање, дури и ако претходно поседувало дозвола од друга категорија.

За овие возачи се предвидени дополнителни ограничувања со цел да се обезбеди поголема безбедност во сообраќајот и постепено стекнување на практично возачко искуство:

моќноста на возилото што го управуваат - носител на возачка дозвола од категоријата „А“ не смее да управува моторцикл со моќност поголема од 25 kW, додека носител на категоријата „Б“ не смее да управува патнички автомобил со моќност поголема од 77 kW. пониски максимални брзини на движење. Возач-почетник не смее да се движи со брзина поголема од 60 km/h на обичен јавен пат, 80 km/h на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и 100 km/h на автопат. дополнително, возач-почетник не смее да управува моторно возило во периодот од 23:00 до 05:00 часот. Исклучок е случајот кога во возилото, на предното седиште, се наоѓа возач постар од 25 години на кого не му е изречена забрана за управување со моторно возило.

Меѓународно признавање

Меѓународното признавање на македонските возачки дозволи се однесува на признавањето и користењето на возачките дозволи издадени во Република Северна Македонија во други држави. Правната основа за тоа во значаен дел ја претставува Виенската конвенција за патен сообраќај од 1968 година, чија договорна страна Северна Македонија е од 1993 година. Конвенцијата воспоставува заеднички правила и стандарди за признавање на возачките дозволи меѓу државите членки.

Во зависност од националните прописи, македонската возачка дозвола може да се користи за време на привремен престој во странство, а во некои држави може да биде потребна и меѓународна возачка дозвола. Меѓународната возачка дозвола не ја заменува домашната, туку се користи заедно со неа како меѓународно стандардизиран документ.

Условите за признавање се разликуваат од држава до држава, особено во однос на времетраењето на признавањето и правилата за лицата кои стекнале резидентски статус. Поради тоа, пред патување или преселување во странство, носителите на македонски возачки дозволи треба да ги проверат правилата што важат во конкретната држава.

Поврзано Автомобилски регистарски таблички во Македонија Македонски пасош

Наводи

Категорија:Патен сообраќај во Македонија