Кàмештица (бугарски: Камещица) — село во Северна Бугарија, Општина Габрово, Габровска област.
Географија Селото Камештица се наоѓа на околу 15 км западно-северозападно од центарот на градот Габрово и 13 км јужно-југоисточно од градот Севлиево. Сместено е во подножјето на Черновршки Рид, во непосредна близина (околу еден километар) до селата Г’бене на исток, Музга на југоисток и Пенковци на запад. Надморската височина кај трафостаницата во селото изнесува околу 330 м.
Општинскиот пат низ селото води на исток до Г’бене, а на север се поврзува со третокласниот републички пат III-4402, кој води од селото Враниловци преку селата Рајновци, Смиловци и Г’бене кон селото Горна Росица.
Историја Во 1978 година, дотогашното населено место маало КамештицаСправка за с. Камещица, общ. Габрово, обл. Габрово към 07.03.1959 г.; населено място (махала) добива статус на село.Справка за с. Камещица, общ. Габрово, обл. Габрово към 26.12.1978 г.; Събитие: промяна на характеристика; населено място (село)
Во Државниот архив во Габрово се чуваат документи за Народното основно училиште во с. Камештица за периодот 1922–1963 година.Државна агенција „Архиви“, Државен архив Габрово, Список на фондови; фонд 502K
Население Населението на селото Камештица броело 318 жители според пописот во 1934 година, нараснало на 473 во 1956 година, се намалило на 85 во 1992 година, а во 2019 година броело 42 жители.Справка за населението на с. Камещица, общ. Габрово, обл. Габрово
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Населени места во Општина Габрово Категорија:Населени места во областа Габрово