thumb|Илустрација што сврзува јури, неко и демонстрација на панцу., познат и како шоџо-аи (јап. 少女 шоџо, девојка; јап. 愛 аи, љубов) или — жанр на манга и аниме, кој прикажува женски истополови врски. Во раната јури-манга (Shiroi Heya no Futari, Oniisama e…) отсуствувале изразени еротски сцени.

Етимологија „Јури“ е збор со јапонско потекло. Разликата помеѓу поимите „јури“ и „шоџо-аи“ варира и може да биде нејасна во зависност од земјата и јазикот. Буквално, зборот „јури“ се преведува како „лилјан“ и е доста често женско име во Јапонија. Во 1971 г., Ито Бунгаку, уредник на списанието Barazoku, ги нарекол лезбијките „Јуризоку“ (племе на лилјани). Подоцна, јури хентаи-доџинши почнале да ги вклучуваат имињата „Јури“ и „Јурико“. Поради тоа, популарното мислење дека овој поим се појавил благодарение на истоимената хероина од мангата и анимето Dirty Pair е погрешно. Првото појавување на парот Кеи и Јури во мангата датира од 1979 г., а во анимето дури од 1985 г.

Во Јапонија, поимот обично се користи за означување на какви било односи помеѓу девојки, без разлика дали се сексуални, романтични или и двете. Поимот „шоџо-аи“ во Јапонија е излишен и речиси не се користи; во другите земји тој често се применува за да се укаже на отсуство на изразени сексуални сцени во делото. На интернет, „шоџо-аи“ понекогаш се користи наместо „јури“ бидејќи пребарувачите за вториот збор често исфрлаат премногу неповрзани материјали (како цвеќиња).

Сексуалната идентификација во аниме и манга честопати не ги прикажува само сексуалните претпочитања на ликот, туку и начините на неговото заемодејство со околината. Жанрот шоџо-аи е познат по прикажувањето на бисексуални ликови без јасно определена ориентација.

Васеи-еиго конструкцијата „girls’ love“ (GL) обично не се применува за манги, туку за телевизиски серии со азиско потекло, како и за стрипови (манхви, манхуа и сл.) од југоисточните азиски земји.

Наводи

Категорија:Поими во аниме и манга