Аклатанг Бајан (буквално значење: Градска библиотека) — филипинско книжевно друштво основано во 1910 година, со примарната цел да го поддржи тагалскиот јазик.
Организацијата придонела за стандардизација на тагалскиот јазик и се залагала за негово признавање како основа на националниот јазик на Филипините и воедно оставил белег во историјата на тагалската литература со организирање на првиот балагтасан во 1924 година.
Историја и активности Аклатанг Бајан било основана во 1910 година во Тондо, Манила и продолжило со работа до почетокот на Втората светска војна.
Прв претседател на друштово бил Росауро Алмарио, а во 1915 година како негов наследник дошол Пресиосо Палма, а веќе во 1922 година се до неговата смрт во 1947 година, било водено од Хулијан Круз Балмаседа.
Друштвото било меѓу неколкуте литературни организации што се појавиле на филипинскиот архипелаг под американска власт, особено во Манила и околните области, а се појавило како истакната институција во филипинските книжевни кругови поради членството во него од бројни влијателни личности, од кои многумина биле вклучени и во политички активности.
Нејзин главен ривал било друштвото Илоу ат Панитек, основан во 1912 година и усогласен со тагалските романтични традиции. Во 1935 година, се соочил со понатамошна конкуренција од модернистичкиот Каписананг Панитикан, основан од Клодуалдо дел Мундо и Алехандро Г. Абадила.
Главната мисија на друштвото била да го унапреди тагалскиот јазик и културното наследство што произлегувало од него, а оваа цел се постигнала преку разновидни активности, вклучително и спонзорство на натпревари за поезија кои, според преовладувачкиот обичај во тој период, обично вклучуваа рецитирање, а не поднесување на оригинални дела.
Секоја година, на годишнината од раѓањето на Франциско Балагатс, познат како најистакнат поет во тагалската традиција, членовите се собирале во одреден град за да спроведат културни програми.
Исто така, биле одбележани комеморации и на други истакнати придонесувачи во тагалската литература, како што се Марсело Х. дел Пилар и Андрес Бонифацио.
Членовите пишувале поезија, кратка проза, есеи и романи за публикации на тагалскиот јазик, како што се Талиба, Анг Мити, Пагкакаиса и Ватават, а друштвото дополнително го поддржувало развојот на иновативни литературни форми засновани на домородната филипинска естетика и така во 1924 година го организирале првиот балагтасан, домороден филипински жанр во форма на поетска дебата.
Членовите на друштвото активно се вклучувале во дебатите во рамките на филипинската интелигенција во почетокот на 20 век, а во своето соперништво со Илоу ат Панитик, друштвото генерално усвоило традиционалистички и конзервативни ставови. Овие ставови не одразувале отфрлање на модерноста или несомнено придржување кон традицијата, туку спротивставување на зголеменото американско културно влијание и посветеност на поттикнување на филипинскиот национализам.
Друштвото често се повикувало на теми од Филипинската револуција и изразувало силна поддршка за назначувањето на тагалскиот за национален јазик на Уставната конвенција од 1935 година.
Овие напори за застапување придонеле за посакуваниот ефект на 31 декември 1937 година, кога претседателот Мануел Л. Кезон прогласил дека националниот јазик се базира на тагалски.
Во 1946 година кога Филипините прогласиле независност, откако друштвото во голема мера престанало со работа, јазикот официјално бил преименуван во филипински.
И покрај акцентот на општествената услуга, друштвото повремено се соочувало со критики за перципираниот елитизам.
Значајни членови биле Лопе К. Сантос, Карлос Ронкило, Фаустино Агилар, Северино Рејес, Ињиго Ед. Регаладо, Херменегилдо Круз и Патрисио Маријано.
Значајност Литературното друштво заземало призната позиција во филипинската историја како прво литературно друштво во земјата, а неговите придонеси се протегале подалеку од воспоставување организациски модел за домашните писатели и поети.
Членовите одиграле важна улога во стандардизацијата на тагалскиот јазик, особено преку формулирање на прифатени граматички норми и правила за неговата модерна употреба.
Овие напори помогнале да се зацврсти централната улога на тагалскиот јазик во повеќејазичниот и мултикултурниот контекст на филипинското општество.
Наводи
Категорија:Филипинска култура Категорија:Историја на Филипините Категорија:Писателски здруженија Категорија:Тагалски јазик Категорија:Филипинска книжевност Категорија:Книжевни друштва