Свети Константин и Елена () — црква во градот Костур, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.

Црквата се наоѓа во населбата Калитеја, сместена на самиот раб на Костур. Првобитно, тука се наоѓал дрвен храм посветен на Св. Илија, заштитник на крзнарите. Меѓутоа, храмот е подоцна прекрстен во „Св. Константин и Елена“, бидејќи во градот немало црква посветена на овие светци.

Камен-темелникот е удрен на 30 септември 1962 г. од страна на митрополит Доротеј Костурски (1958–1973) во присуство на номархот Јоанис Мазаракис-Енијан (1962–1967), градоначалникот Михалис Папамаѕарис (1951–1967) и командирот на XV колонијална дивизија. Храмот е завршен кон средината на 1960-тите години.

Градбата претставува крстокуполна базилика изградена од бетон и тула, со егзонартекс, женска црква и две величествени четирикатни камбанарии.

Наводи

Категорија:Цркви во Костур Категорија:Цркви во Костурската епархија