Агова Маала (, Аделфико; до 1927 г. Άγκω Μαχαλά, Аго Махала) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.
Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, југозападно од Сер. Лежи близу до левиот брег на Струма.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX и почетокот на XX век Агова Маала било чисто македонски чифлик во Серската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Агова Маала (Ago-mahala) имала 35 домаќинства сочинети од 118 жители Македонци. Грчка статистика од 1886 г. го води Аго Махалас (Άγκο Μαχαλάς) како село со 150 христијани.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото броело 240 жители Македонци-христијани.
На почетокот XX век населението на Агова Маала (Agova-Mahala) било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото се состоело од 248 Македонци патријаршисти и 18 Роми. Грчка статистика од 1908 г. го води Аго Махале (Άγκο Μαχαλέ) како село со 210 егзархиски жители.
Селаните од Агова Маала се жалеле до европските конзули и властите го осудиле кметот на селото.Одрински глас, брой 18, 11 май 1908, стр. 4.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 292 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 152 лица. Во 1923-1924 г. 4 жители под притисок на власта се иселиле во Бугарија, а државата довела грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Агова Маала имала 564 жители, од кои 344 лица (74 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски староседелци.
Во 1952–1953 г. на сретселото е изградена црквата „Св. Атанасиј“.
+ Месности во Агова Маала преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Ќорколак Κιορκολάκι Страво Авти Στραβό Αύτίмесност на С од Агова Маала
Население
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Атанасиј“ од 1953 г.
Наводи
Категорија:Сер (општина)