мини|Троелс-Лунд, септември 1920 година Троелс Фредерик Троелс-Лунд (роден на година во - починал на година) — дански историчар.
Биографија Троелс-Лунд бил роден во Копенхаген како најмлал син на Хенрик Фердинанд и Ана Катрина Лунд. Првиот брак на Хенрик Фердинанд бил со сестрата на Серен Кјеркегор, Петреја, од 1828 година до нејзината смрт во 1834 година. Хенрик Фердинанд бил и брат на натуралистот Петер Вилхелм Лунд.
Троелс-Лунд се запишал на универзитетот во Копенхаген во 1858 година. Откако извесно време студирал теологија, тој го напуштил за да студира историја. Од 1870 до 1875 година бил асистент во Данските национални архиви, и инструктор по историја на Кралската данска воена академија почнувајќи од 1874 година, каде што работел како редовен професор од 1888 до 1900 година.
Неговото најпознато дело, Dagligt Liv i Norden i det sekstende Aarhundrede („Дневниот живот на северот во шеснаесеттиот век “) било објавено во 14 тома од 1879 до 1901 година. Делото живописно го опишувло секојдневниот живот во Скандинавија од шеснаесеттиот век и се сметало за карактеристичен пример за данската културна историја. Тој бил назначен на позицијата официјален историчар на данскиот систем на редови во 1897 година, а бил примен во Кралската данска академија на науките и писмата во 1901 година.
Дела Првото дело на Троелс-Лунд, , се појавило дури во 1876 година, но после тоа време неговата активност била неверојатна. Во 1879 година, првиот том од неговата , историја на секојдневниот живот во Данска и Норвешка кон крајот на 16 век, била објавена. Неговото дело не зборувало за кралевите, армиите и владите, туку наместо тоа го насочи вниманието кон животите на обичните мажи и жени од времето со кое се занимавал. Тој ги користел овие обични луѓе за да илустрира огромен број документи кој претходно биле запоставени од официјалните историчари.
Список
, 1867 (под псевдонимот Поул Ведел) , 1876 , 1877 , 1879–1901 (First edition under title , transl. History of Denmark and Norway to the End of the Sixteenth Century) , 1880 , 1883 , 1886 , 1893 , 1899 , 1900 , 1906 , 1906 , 1909 , 1910–1912 , 1920–1922 , 1924
Наводи
Извори
Надворешни врски
Категорија:Починати во 1921 година Категорија:Родени во 1840 година Категорија:Дански историчари