Широколисна грипа (науч. Phillyrea latifolia) е вид дрво од семејството маслинки, Oleaceae. Потекнува од Медитеранскиот басен, од Мароко и Португалија на запад, до Левант на исток. Расте во Македонија.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 23 издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Опис Грмушка или ниско дрво, до 15 м високо со сива кора, во почетокот со нагоре исправени гранки кои подоцна се рашируваат. Пупките мали сивозелени до светлокафеави, препокриени со куси меки влакненца. Младите гранчиња и лисните дршки со куси влакненца. Листовите зимзелени, кожести, диморфни, младите листови јајцевидни или јајцевидно-срцевидни, најшироки во долната третина, поретко копјести, повеќе или помалку назабени или напилени, 1,8–3 цм долги, 1–2 цм широки; постарите листови копјести или елиптични, најшироки во средината, целокрајни или ситно назабени; листовите од горната страна темнозелени, од долната страна светлозелени, со 7–11 пара странични жили и со 2–3 мм долга лисна дршка. Цветовите со куси, дебели дршки, собрани во куси, пазувни, гроздовидни соцветија. Чашката жолтеникава, длабоко всечена на 4 триаголни сегменти. Венчето бело, четириделно со куса венечна трубичка и со елиптични венечни сегменти, околу 2 мм долги. Плодот сина обла костелка со дијаметар до 5 мм.
Во Македонија Расте на термофилни места, во клисури на реки, на отворени места во појас на дабови шуми, по брдски пасишта, на варовнички камењари, до
1000 метри надморска височина.
Познат за Сува Гора, Галичица, Љубаниште, Таорска Клисура, клисурата на Пчиња, Катланово, Велес, Дервенска Клисура, клисурата на Тополка, Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија, Кожуф, Богданци, Дојран,
Овој подвид (sub P. media = P. latifolia var. media) се наведува за голем број локалитети од територијата на Македонија.
Наводи
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Малта Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија