Втора македонска алпинистичка експедиција „Памир '84“ или II МАЕ „Памир '84“ — втора експедиција на македонските алпинисти што се одржала во планинскиот масив на Памир, во тогашниот СССР во 1984 година. Имала за цел искачување на врвовите Четворјах (6.230 м н.в.) и Комунизам (7.495 м н.в.). Предводник на оваа експедиција бил Јован Попоски.

Учесници Учесници во експедицијата биле: Димитар Илиевски (алпинист) Слободан Јованоски (алпинист) Борче Јовчевски (алпинист) Ѓорѓи Костовски (алпинист) Благојче Лазаров (алпинист) Јован Попоски (алпинист, водач на експедицијата)

Тек на експедицијата На врвот Четворјах (6.230 м н.в.) се искачиле Димитар Илиевски, Слободан Јованоски, Борче Јовчевски, Ѓорѓи Костовски, Благојче Лазаров и Јован Попоски. Потоа, водачот Јован Попоски се искачил и на врвот НКВД.

По оваа аклиматизација, алпинистите се упатиле кон крајната цел — врвот Комунизам (7.495 м н.в.). На овој највисок врв успешно се искачиле Димитар Илиевски, Слободан Јованоски, Ѓорѓи Костовски, Благојче Лазаров и Јован Попоски.

Борче Јовчевски не успеал да стигне до врвот на врвот Комунизам поради извртување на коленото. Имено, носејќи тежок ранец во еден момент на патеката, следејќи го качувачот пред себе, едната нога одеднаш му пропаднала во пукнатина на падината од мраз, прикриена со нов снег. При падот, обидувајќи се да не падне целосно во дупката, но и да не се стркала надолу по стрмнината, телото му дошло во таква неповолна положба што ногата сериозно му се извиткала. Со помош на неговите колеги, тој бил симнат во базниот логор, каде ногата му била ставена во гипс.

Наводи

Категорија:Македонски алпинистички експедиции Категорија:Настани во 1984 година