Седефчиња () — семејство на цветни растенија од редот на сапуновидните (Sapindales).
Видовите од ова семејство начелно имаат цветови ко исе делат на четири или пет дела, обично со силен мирис. По облик и големина се движат од билки до грмушки и големи дрва.
Стопански најважен род во семејството е цитрус (Citrus), каде спаѓаат портокалот (C. × sinensis), лимонот (C. × limon), грејпфрутот (C. × paradisi), and лиметата (разни). Голем австралиски род е боронијата (Boronia), Некои од неговите членови се имаат многу мирисливи цветови од кои се произведува масло. Други големи родови се жолто дрво (Zanthoxylum), чии неколку видови се одгледуваат за сечуански бибер, меликопа (Melicope) и буху (Agathosma). Семејството на седефчињата содржи околу 160 родови.
Во Македонија се присутни три домородни рода: седефче (Ruta), русан (Dictamnus) и целолист (Haplophyllum).
Одлики
Припадниците на седефчињата имаат претежно се дрвенести растенија, и нешто билки. Имаат цитрусен мирис кога ќе се здробат или кога кората ќе се пресече. Многу од нив имаат сложени листови; некои имњат трња; ниеден нема прилисници. Има проѕирни жлезди како точки или вдлабнатинки на листовите, цветовите и плодовите. Цветовите се двополови (имаат и машки и женски делови), петделни се и распоредени во соцветија како наизменичници или метлички. Плодовите често се хесперидиуми како кај цитрусите, чаури како кај Raputiarana или костелки како кај акронихијата; многу од нив имаат жлезди на надворешната кора.
Еволуција
Таксономска историја
Седефчињата се опишани од францускиот ботаничар Антоан Лоран де Жисје во неговата книга „Растителни родови“ (Genera Plantarum) од 1789 г.. Rutaceae станува името (nomen conservandum) за семејството дефинирано во Меѓународниот индекс на растителни имиња. Типскиот род е седефче (Ruta).
Во 1896 г. германскиот ботаничар Адолф Енглер објавил поделба на семејството на седефчињата на седум потсемејства. Едно, Rhabdodendroideae, веќе не се смета за дел од нив, туку во одделно семејство Rhabdodendraceae, со единствен род рабодендрон (Rhabdodendron). Две еднородови семејства (Dictyolomatoideae и Spathelioideae) сега се во потсемејството Cneoroideae, заедно со родовите кои Енглер ги ставил во други семејства. Преостанатите четири потсемејства на Енглер се Aurantioideae, Rutoideae, Flindersioideae и Toddalioideae. Енглеровата поделба во голема мера се засновала на особеностите на плодовите, како и другите поделби сè до воведувањето на молекуларни филогенетички методи.
Фосилна историја
мини|Фосил на жолто дрво од терцијарот во јужна Франција.
Фосили на жолтото дрво (Zanthoxylum) се пронајдени во карпи од еоценот до плеистоценот во Европа и Кина.
Филогенетика
Молекуларната филогенетика покажува дека седефчињата се вдлабоко вгнездени во сапуновидните. Има братски однос со махагониите (Meliaceae); кладот што содржи две семејства а пак братски на Simaroubaceae (квасии). Според таа анализа, седефчињата се јавиле пред 100-тина милиони години за време на горната креда.
Молекуларните методи покажале дека само Aurantioideae можат јасно да се различат од другите членови на семејството според плодот. Тие се во полза на опфатот на трите други потсемејства на Енглер. In 2012, Гропо и др. ги дели седефчињата на само две потсемејства, задржувајќи ја Cneoroideae, но ставајќи ги останатите родови во мошне проширено семејство Rutoideae s.l. Класификацијата на Мортон и Телмер од 2014 г. ги задржува Aurantioideae на Енглер, но ти двои преостанатите Rutoideae s.l. на помала Rutoideae и многу поголема Amyridoideae s.l., каде се содржани највеќето Rutoideae на Енглер. Сè до 2021 г. молекуларните филогенетски методи ги испитале само 20 до 40 % од родовите на седефчињата. Студијата на Апелханс и др. од 2021 г. испитала речиси 90 % од родовите. Двата главни клада призаени од Гропо и др. во 2012 г. останале непроменети, но Rutoideae Мортон и Телмер се испоставиле парафилетични, а нивната Amyridoideae била полифилетична, и не го содржела типскиот род. Аплеханс и др. го поделиле семејството на шест потсемејства, подолу прикажани во кладограмот од нивната студија. Се покажало дека големото потсемејство на жолтодрвните (Zanthoxyloideae) содржи одделни кладови, но авторите сметале дека преработената класификација на ниво на племиња сè уште не била изводлива.
Стопански важни видови мини|исправено|Разни цитрусни плодови.
Семејството е од големо стопанско значење во топлите умерени и суптропските краишта поради бројните јадливи плодови од родот цитрус како портокалот, лимонот, каламондинот, лиметата, кумкватот, мандарината и грејпфрутот.
Нециструсен пример за овојше од ова семејство е бенгалската дуња (Aegle marmelos).
Кари-дрвото (Murraya koenigii) има кулинарска важност на Индискиот Потконтинент и други места бидејќи листовите се користат како зачин во разни јадења.
Зачини направени од видови од родот жолто дрво како сечуански бибер.
Зачините како мурајата (Murraya)But, P. P., et al. (1986). A chemotaxonomic study of Murraya (Rutaceae) in China. Acta Phytotax. Sin 24(3), 186-92. и скимијата (Skimmia) се одгледуваат во хортикултурата.
Родовите како седефчето се употребуваат во треварството.
Неколку растенија се користат во парфемската индустрија како западноавстралискиот вид големотолчничка боронија (Boronia megastigma).Weyerstahl, P., H. Marschall, W.-R. Bork and R. Bilk (1994). "Megastigmanes and other constituents of the absolute of Boronia megastigma from Tasmania". Liebigs Annalen der Chemie 1043-1047.
Родот Pilocarpus има видови (P. jaborandi и P. microphyllus од Бразил, и P. pennatifolius од Парагвај) од кои се добивал лекот пилокарпин за лекување на глауком.
Наводи
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Сапуновидни Категорија:Флора на Македонија