Федор Ханжековиќ (9 јануари 1913 – 18 август 1997 година) — хрватски филмски режисер и син на писателот Мате Ханжековиќ.Hrvatski biografski leksikon Damir Radić i Redakcija: Hanžeković, Fedor (pristupljeno 13. svibnja 2018.)

Биографија Студирал историја на уметност и англиски јазик на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Загреб пред да ја започне својата филмска кариера во годините по завршувањето на Втората светска војна.

Студирал историја на уметност во Ексетер, Англија, до 1939 година, а по враќањето во Загреб, работел како хонорарен новинар и преведувач од англиски јазик. Ги превел делата на Џорџ Бернард Шо и Марк Твен, како и еден роман од Џек Лондон. Од 1941 година работел во новинската агенција Велебит до 1945 година.

Тој направил неколку политички документарци во 40 години на 20 век од кои најзначаен бил филмот од 1947 година Степинац пред народниот суд (Stepinac pred narodnim sudom), кој го прикажувал повоеното судење на Алојзие Степинац.

Во 50 години на 20 век направил серија екранизирани романи напишани од југословенски автори и режирал вкупно три долгометражни филмови, од кои најзначаен бил многу популарната комедија од 1957 година Господар на сопственото тело (Svoga tela gospodar), базиран на краткиот расказ од Славко Колар и неговата театарска адаптација во режија на Бранко Гавела, а снимен на кајкавски дијалект.

Тој бил исто така познат како еден од основачите и долгогодишните уредници на влијателното југословенско филмско списание Филмска критика.

Починал на 18 август 1997 година во Загреб каде што бил погребан на гробиштата Мирогој (Гробље Мирогој).

Филмографија Ријека во обнова (1946.) Нова младост Степинац пред народниот суд Последен одред Бакоња фра Брне (1951.) Стојан Мутикаша (1954.) Господар на своето тело ('1957.)

Наводи

Надворешни врски

Fedor Hanžeković biography at Filmski-Programi.hr

Категорија:Погребани на гробиштата „Мирогој“ Категорија:Хрватски филмски режисери Категорија:Луѓе од Бијељина Категорија:Починати во 1997 година Категорија:Родени во 1913 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Југословенски филмски режисери Категорија:Добитници на наградата Владимир Назор