мини|Зрели лешници Лешник ― плод на леска, ги вклучува сите јаткасти плодови што потекнуваат од видовите од родот Corylus, особено јаткастите плодови од видот обична леска (Corylus avellana).
Лешниците се јадат како ужина, потоа при подготовка на десерти, како и измешани со житарки за појадок. Во кондиторските производисе користат за правење крем, а се користат и во комбинација со чоколадо, и производи како што се чоколадни плочки и намази од какао со лешници, како што е Нутела. Маслото од лешници, исцедено од лешници, е силно ароматизирано и богато со мононезаситени масти. Се користи како масло за готвење и како прелив за салата или зеленчук.
Во 2023 година, Турција била најголемиот светски производител на лешници, со учество од 57,7% од вкупното производство.
Исхрана
Во културата Лешникот е користен како литературен манир од страна на Јулијана од Норвич (околу 1343 – по 1416) во нејзиниот мистичен христијански трактат „Откровенија на божествената љубов“. Лушпата од лешник е замислена како кочија за самовилската кралица Маб во драмата „Ромео и Јулија“ на англискиот драматург и поет Вилијам Шекспир. Лешникот е исто така користен како метафоричен манир во поемата „На есента“ од англискиот романтичарски поет Џон Китс.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Јадливи оревести плодови и семки Категорија:Леска