Паркот Баут (галски Pàirc nam Bochd)Also Pàirc a' Bhucht — најголемиот парк во градот Инвернес, Шкотска кој се наоѓа на западниот брег на реката Нес. Тој е дом на Хајлендските игри во Инвернес и мал музички фестивал на отворено, веднаш до градскиот спортски центар, базенот и BMX патеката, а воедно е во непосредна близина на Ботаничката градина и кафетеријата Инвернес, кои некогаш биле дел од сега срушена величествена куќа.

Ботаничката градина Инвернес, која се протега покрај паркот претставува најсеверната ботаничка градина во Обединетото Кралство која била отворена во 1992 година од страна на принцот Едвард, војвода од Единбург и е дом на 2 стакленици: влажна тропска куќа и куќа за кактуси.

Воедно постојат и градини кои се користат за локални образовни цели, како и кујнска градина и кафуле во објектот. Градините се наоѓаат на имотот на величествена куќа од 18 век, Баyт Хаус.

Градината со ѕидови, некогаш поврзана со куќата, сега ја формира модерната градина. мини|Ботаничка градина Инвернес Исто така спортскиот стадион го носи името на паркот Баyт, сместен во границите на паркот, кој редовно е домаќин и на финалето на Купот Каманахд и на меѓународните натпревари по композитни правила Шинти/Херлинг, кој се смета за еден од најдобрите паркови во Шинти, а воедно е и дом на клубот Инвернес Шинти, кој игра таму од 20 години на минатиот век.

Паркот се наоѓа на земјиште кое порано било имотот Баyт Хаус. Дворец од 18 век на местото бил срушен за создавање на Ледениот центар во 60 години од минатиот век.

Капацитетот на стадионот е 5000, вклучувајќи ги стоечките места и дрвената трибина, а стадионот бил центар на контроверзии во јуни 2009 година откако Советот на Хајленд, го иселил Инвернес Сити од Северн Митинг Парк, па му понудил на фудбалскиот тим да го користи објектот без да се консултира со шинтерскиот клуб. мини|Стадионот „Баут Парк“ во Инвернес - Фотографија направена на финалето на Купот „Мектавиш“ во 2014 година мини|Стадионот „Баут Парк“ во Инвернес - Фотографија направена на финалето на Купот „Мектавиш“ во 2014 година

Наводи

Категорија:Ботанички градини во Обединетото Кралство Категорија:Координати на Википодатоците