Повелбата 08 — манифест првично потпишан од 303 кинески дисидентски интелектуалци и активисти за човекови права и била објавена на 10 декември 2008 година, на 60-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, усвојувајќи го своето име и стил од антисоветската Повелба 77 издадена од дисидентите во Чехословачка.

Од нејзиното објавување, повеќе од 10.000 луѓе во и надвор од Кина ја потпишале повелбата, а по неуспешните реформски напори во 1989 и 1998 година од страна на кинеското демократско движење, Повелбата 08 била првиот предизвик за еднопартиското владеење што го прогласил крајот на еднопартиското владеење за своја цел, а била опишана како прва со унифицирана стратегија.

Во 2009 година, еден од авторите на Повелбата 08, Лиу Сјаобо, бил осуден на 11 години затвор за „поттикнување субверзија на државната власт“ поради неговата вмешаност, а во 2010 година му била доделена Нобеловата награда за мир за 2010 година од страна на Норвешкиот Нобелов комитет, а во 2017 година, му била доделена условна слобода по медицински причини и починал кратко потоа од терминален рак на црниот дроб.

Барања Многу од првичните потписници биле истакнати кинески граѓани во и надвор од владата, вклучувајќи адвокати, тибетски поет и есеист, Воезер и Бао Тонг, поранешен висок функционер на Кинеската комунистичка партија, кои сите се соочиле со ризик од апсење и затвор.

Повелбата повикувала на 19 промени, вклучувајќи независен правен систем, слобода на здружување, елиминација на еднопартиското владеење и приватизација на сите претпријатија и земјоделско земјиште и во неа се вели:

„Сите видови социјални конфликти постојано се акумулираа, а чувствата на незадоволство постојано се зголемуваа“.

„Сегашниот систем стана заостанат до тој степен што промената не може да се избегне“.

Кина останува единствената голема светска сила што сè уште задржува авторитарен систем што толку многу ги крши човековите права, се наведува во неа.

„Оваа ситуација мора да се промени! Политичките демократски реформи не можат повеќе да се одложуваат!“

Специфични барања се:

Измена на Уставот. Поделба на властите. Законодавна демократија. Судска независност. Јавна контрола врз јавните службеници. Гаранција за човекови права. Избор на јавни функционери. Укинување на системот хукоу. Слобода на здружување. Слобода на собирање. Слобода на изразување. Слобода на религија. Граѓанско образование. Заштита на имотот. Финансиска и даночна реформа. Социјално осигурување. Заштита на животната средина. Федеративна република. Вистината во помирувањето.

Во воведниот став од повелбата се вели:

Одговор

Кина десно|мини|Протести во Хонг Конг против апсењето на Лиу Сјаобо На 8 декември 2008 година, кинеската влада малку јавно кажала за Повелбата, на два дена пред 60-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, Лиу Сјаобо бил приведен од полицијата, неколку часа пред објавувањето на Повелбата онлајн. На 23 јуни 2009 година бил приведен, а подоцна и уапсен под обвинение за „сомневање за поттикнување на субверзија на државната власт“.

Неколку добитници на Нобелова награда напишале писмо до претседателот Ху Џинтао барајќи негово ослободување, а како одговор, кинеската влада ги потиснала и така најмалку 70 од нејзините 303 оригинални потписници биле повикани или испрашувани од полицијата, додека на домашните медиуми им било забрането да интервјуираат секој што го потпишал документот.

Воедно полицијата го претресла и испрашувала новинарот Ли Датонг и двајца адвокати, иако ниту еден не бил уапсен, а на државните медиуми им било забрането да известуваат за манифестот и веб-страницата за блогирање, bullog.cn, популарна кај активистите.

На 25 декември 2009 година, Лиу Сјаобо бил осуден на 11 години затвор за активности на „поттикнување субверзија на државната власт“ од страна на судот, а на 8 октомври 2010 година, тој ја добил Нобеловата награда за мир „за неговата долга и ненасилна борба за фундаментални човекови права во Кина“.

Надвор од Кина Голем број влади, вклучувајќи ги и оние на Соединетите Американски Држави и Германија, а воедно и опозицијата во Тајван ја поздравиле Повелбата 08 и го осудиле малтретирањето на поддржувачите на истата, а западниот печат генерално позитивно ја покривал Повелбата додека меѓународните невладини организации ја поддржале нејзината порака. Дејвид Стенвеј објавил во Гардијан дека таа „е прогласена за најзначајниот чин на јавно несогласување против Комунистичката партија на Кина откако протестите за демократија на плоштадот Тјенанмен беа брутално задушени во 1989 година“. Други меѓународни личности, вклучувајќи го и Далај Лама, исто така ја изразиле својата поддршка и восхит кон Повелбата, а исто така имало и протести во Хонг Конг со барање за ослободување на Лиу Сјаобо и други потписници.

Организацијата што Лиу ја водел за спроведување на Повелбата 8, добила финансиска поддршка од Националната фондација за демократија на американската влада.

Поврзано Повелба 77 (Чехословачка) Повелба 97 (Белорусија) Човекови права во Народна Република Кина Закон на Народна Република Кина Петта модернизација (Веи Џингшенг) Надворешни врски

Целосен текст на Повелба 08: Оригинален кинески или Оригинален кинески (pdf), Англиски превод од Пери Линк, Англиски превод со постскриптум од Пери Линк, Англиски превод од Human Rights in China Главна страница на Charter 08 (кинески) -- вклучува ажурирани вести и листи со потписи Главна страница на Повелбата 08 (англиски) -- вклучува ажурирани вести и можност за потпишување на повелбата преку интернет „ Вести за Повелбата 08 “, China Digital Times „ Над 300 луѓе ја потпишаа „Повелбата 08“, манифест за човекови права во Кина, но некои се веќе уапсени “, објави Азија њуз.

Наводи Категорија:Повелби Категорија:Историја на човековите права Категорија:Статии со текст на кинески

Категорија:Историја на Кина